Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Прифатено барањето на Јанкулоска за одложување на затворската казна за „Тенк“
Судски процеси

Прифатено барањето на Јанкулоска за одложување на затворската казна за „Тенк“

јуни 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и е прифатено барањето да и се одложи четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“.

Како што соопшти денеска Основниот кривичен суд – Скопје, извршувањето на казната се одложува се до одлучувањето по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда од страна на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

„Заради интерес на повеќе медиуми, ја информираме јавноста дека Врховниот суд на РСМ до Основниот кривичен суд – Скопје достави решение со кое барањето на Г.Ј. осудена со пресуда на Основниот кривичен суд – Скопје со КОК бр. 21/18 и пресуда на Апелацискиот суд – Скопје со КОКЖ бр. 46/18, од обвинителството означена како „Тенк“, за одлагање на извршувањето на казната – се уважува.“

Во решението е наведено дека, извршувањето на казната изречена со пресудата на Основниот кривичен суд – Скопје од 08.10.2018 година, а потврдена и преиначена во делот на казната со пресуда на Апелацискиот суд –Скопје од 25.03.2019 година со која Г.Ј. е огласена за виновна за кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 ст.5 в.в со став 1 в.в со член 23 од КЗ и осудена на казна затвор во траење од четири години се одлага се до одлучување по поднесените
барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда од страна на Врховниот суд на РСМ, се наведува во соопштението од Основен кривичен суд – Скопје.

Предметот „Тенк“ се однесува на набавката на блиндирано моторно возило „мерцедес С 600 гард“ во вредност од 600 илјади евра.

Во обвинението се вели дека во 2012 година обвинетиот Никола Груевски, како претседател на Владата на Република Македонија, со искористување на своето реално влијание и службена положба, побарал од обвинетата Гордана Јанкулоска, службено лице министерка за внатрешни работи во Владата, да се изврши службено дејство кое не би смеело да се изврши, и тоа јавна набавка во која МВР ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило од марката „мерцедес“.

За случајот „Тенк“ Груевски е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски е осуден на шест години и шест месеци затвор.

На Поповски Апелацискиот суд му ја намали казната на 4,5 години.

Гордана Јанкуловска затворска казна Тенк
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ОБВИНЕНИЕ ЗА ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ: Палчо ќе одговара за две грабнувања и за две убиства

август 12, 2024

Кривичниот суд определи мерки за претпазливост за возачот на Палчо

март 12, 2024

Ослободителна пресуда за обвинетите во случајот „Трезор“

февруари 22, 2024
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.