Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
  • Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
  • Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели
  • Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување
  • Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Промоција на стихозбирката „Зборот на непријателот/La parola del nemico“ од Лука Бенаси
Култура

Промоција на стихозбирката „Зборот на непријателот/La parola del nemico“ од Лука Бенаси

октомври 25, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Двојазичната стихозбирка „Зборот на непријателот/La parola del nemico“ од италијанскиот поет Лука Бенаси вечер ќе биде промовирана во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје.

Издавач на делото е ПНВ Публикации.

Препевот од италијански е на Дарио Тодоровски и Катарина Величковска, а редакцијата ја извршија Наташа Сарџоска, Искра Петрушевска и Јулијана Величковска.

Стиховите на македонски ќе ги чита Ѓоко Здравески, а промотор ќе биде Владимир Мартиновски.

Во поговорот кон оваа книга, Мартиновски пишува дека поезијата на Лука Бенаси е слоевита, загадочна и мошне асоцијативна.

„Секоја негова песна создава специфична и различна атмосфера, која е тешко да се именува. Тоа е поезија која бара мошне суптилни и внимателни читатели. Насловите би го ограничиле полето на читање и толкување на неговите песни. Поезијата на Лука Бенаси е поезија на мигот. Тој се осмелува да го долови најнеуловливото, нејнедофатливото, односно мигот… Неговите песни и поетски слики се истовремено спонтани, но и крајно внимателно и трпеливо градени. Тој никогаш на читателот не му
дава премногу, ами доволно. Извонредно тешко е да се постигне таков баланс меѓу метонимиското и метафоричното во поезијата како што тоа го прави Лука Бенаси“, пишува Мартиновски.

Лука Бенаси ѝ е добро познат на македонската поетска сцена.

Досега се претставил на двата најпрестижни поетски фестивали во нашата држава –
Струшките вечери на поезијата и Поетска ноќ во Велестово.

Тој е роден во Рим во 1976 година, каде што живее и работи.

Ги објавил поетските книги На маргините на историјата“, (2000), „Сјајот на сивилото“, (2005), „Честа на правта“, 2009 и памфлетите „За мене ќе речат“ (2011) и „Плиткоста на снегот“ (2012).

Заедно со поетесата Маки Старфилд ја објавил електронската книга „Duet of Lines Sen no Nijuso“ (со текстови на италијански, англиски и јапонски јазик, Јунпа изданија, 2016).

Во 2018 год. беше издадена книгата „Задниот дел на небото“, избор песни на италијански и шпански јазик, преведени од Стефано Стражабоско, Емилио Коко и Џовани Дарконза.

Ја превел книгата „De Weg“ од фламанскиот поет Жермен Дрогенброт (Патеката, 2002).

Ја објавил и збирката критички есеи „Задавени брзаци: италијанските поети во 2000-те години“ (2010). Ја уредил антологијата „Магнификат.

Поезија 1969 – 2009“ (2009), која го содржи целиот творечки опус на поетесата Кристина Анино, антологијата на критички осврти „Погледи во поезијата на Акиле Серао“ (2013) и „Домот на соколите, поезија 1974 – 2014“ (2014), којашто претставува антологија на целокупното творештво на Данте Мафија.

Лука Бенаси промоција стихозбирка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026

Бугарија победи на Евросонг 2026

мај 18, 2026

Почнува јубилејниот 70. Евросонг

мај 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.