Општина Куманово во соработка со Хабитат Македонија и Дром организираат Саем за вработување и кариера.
Саемот ќе се одржи на 13 декември во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ и е во рамки на проектот „Одржливи модели за вработување на Ромите”.
Организаторите ги покануваат заинтересираните фирми да се пријават најдоцна до 10 декември.
Фирмите кои ќе учествуваат ќе имаат директен контакт со кандидати обучени за профили од соодветен интерес од Куманово и околината, промоција, видливост и маркетинг и можност да се вмрежат и поврзат со локални јавни институции и приватни компании, се вели во соопштението од општина Куманово
Во фокусот на овој Саем ќе бидеат развиениот модел за стручно усовршување во градежниот сектор и националните политики кои се имплементираат за вклучување на невработените лица на пазарот на трудот во Куманово.
Саемот за вработување и кариера ќе овозможи отворена дебата преку која различните чинители кои имаат влијание во процесите на донесување на одлуки на локално и национално ниво да ги потенцираат пречките и можностите за вклучување на пазарот на трудот на невработените лица. Дополнително, ќе им се овозможи на приватните фирми да дојдат во контакт со кандидати обучени за профили од нивен интерес, а кандидатите да се престават пред локалните работодавачи.
(Извор: МИА)







