Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
  • Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци
  • ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер
  • Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Се е подготвено за одбележувањето на Богојавление – Водици во Охрид
Градови

Се е подготвено за одбележувањето на Богојавление – Водици во Охрид

јануари 18, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Завршени се сите подготовки во Охрид во врска со прославувањето на големиот православен празник Богојавление – Водици.

Централното градско подрачје е свечено украсено, а спроведени се сите предвидени активности за безбедно одвивање на церемонијата на осветувањето на езерските води и положувањето на Чесниот крст во езерото.

Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ веќе го исчистија просторот каде ќе се споведува верската манифестација што секоја година ја следат голем број православни верници од градот, околните населени места и гости од странство.

Во тек е дислокација на пловните објекти од внатрешниот дел на пристаништето, за да се овозможи пристап и безбедност на капачите и посетителите.

Изминатите денови, како што беше договорено на координативниот состанок свикан од градските власти, охридските нуркачи го исчистија дното на езерото на потегот на самото пристаниште каде верниците ќе влегуваат во вода.

Самото осветување на водите на Охридското Езеро оваа година ќе се одвива со скратена програма и со строго почитување на мерките за заштита од Ковид-19.

Традиционално утре точно во 10 часот од светилникот на Градското пристаништето, Светиот крст во езерото ќе го положи митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужбите во охридските парохиски цркви ќе почнат во 7 часот наутро, а литиите од трите цркви „Св. НиколаГеракомија“, „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ и „Св. Георги од Горна Влашка Мала ќе се сретнат на плоштадот Св. Климент Охридски
нешто пред 10 часот од каде ќе се упатат на пристаништето. И оваа година е предвидено точно напладне кај месноста „Сараиште“ да се спроведе групно крштевање верници.

За посвечено одбележување на празникот и забава на верниците на Градскиот плоштад каде се монтира бината концерт ќе одржи групата „Љубојна“, а во периодот од 9 до 15 часот во близина на Капетанијата ќе се спроведува и традиционалната крводарителска акција.

За безбедноста на верниците што ќе влезат во осветените езерски води ќе се погрижат охридските нуркачи, додека екипи на Црвениот крст неспоредно пред осветувањето на водите ќе вршат систематски прегледи на верниците што ќе скокаат по крстот. Од медицинските служби упатуват предупредување до верниците да избегнуваат консумирање поголеми количества алкохол доколку планираат да влегуваат во вода, додека на останатите со себе да носат топла сува облека.

Поради актулената ситуација наметната од ковид-епидемијата, оваа година нема да се одржи никакво одбележување на Денот на рибарите на 20 јануари на празникот Свети Јован Крстител, настан што во подобрите времиња привлекуваше голем број гости во градот, а години наназад се приготвуваше и рибна чорба во казан од неколку тони.

Инаку, празнично утре низ Охрид ќе биде бесплатно паркирањето моторни возила на сите паркиралишта со кои стопанисува градот односно ЈП „Билјанини извори“.

водици охрид подготовки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026

Времето денеска облачно со дожд, на места со засилен ветер

ноември 23, 2026

УХМР со ново метео предупредување, невреме со силен ветер и врнежи од дожд се очекува во текот на ноќта и утре претпладне

ноември 20, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.