Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Се урна камената квадратна пирамида на народот П’урхепечас во Мексико
Автор

Се урна камената квадратна пирамида на народот П’урхепечас во Мексико

август 30, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Екстремните временски услови и зголеменото ниво на морето го загрозуваат и историското наследство ширум светот. Така, познатата „Камена квадратна пирамида“, висока 15 метри во мексиканската сојузна држава Мичоакан, ненадејно се урна ноќта на 29 јули, поради непрестаен дожд. Јужниот ѕид на пирамидата се претвори во урнатини.

Во областа, пред 1.100 години живееле домородни групи кои го говореле нахуатл јазикот. Подоцна тука опстојувал народот П’урхепечас, единствената држава што Ацтеките не можеле да ја освојат. Пирамидата важеше за еден од најдобро зачуваните споменици на цивилизацијата на Кралството Мичоака. Се наоѓа во Ихуацио, исклучително добро сочувано археолошко наоѓалиште, каде се наоѓаат уште една пирамида, кула и неколку гробници, пишува „Сајенс алерт“ (Science Alert).

Народот П’урхепечас постои и денес.

Од Мексиканскиот национален институт за антропологија и историја велат дека екстремните временски настани се причината за неодамнешното уривање на ѕидот на пирамидата. Имено, во јули поголемиот дел од Мексико го зафатија обилни дождови и грмотевици. Пред тоа, пак, ова подрачје беше погодено од најтешката суша во земјата последните 30 години.

„Високите температури и сушата предизвикаа пукнатини низ коишто подоцна водата навлезе во внатрешноста на предхиспанското здание“, се вели во соопштението.

И на другиот крај на светот има слични проблеми. Неодамна, археолозите открија дека пештерски цртежи во Океанија се под реална закана од уништување поради забрзаните климатски промени.

Тариакуири Алварез, од народот П’урхепечас вели дека неговите предци би го протолкувале рушењето на пирамидата како „лош знак“. Во објавата на Фејсбук се вели дека нешто слично се случило и пред доаѓањето на странските освојувачи, бидејќи „боговите биле незадоволни“. Само неколку дена пред да се урне пирамидата во Мексико, се урна и познатиот Двоен лак во Ута, најверојатно поради промена на нивото на водата и ерозија.

Фото: Мексикански национален институт за антропологија и историја

квадратна мексико пирамида урната
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година

мај 26, 2026

Италија е најдобрата туристичка дестинација за „соло“ патувања во 2026 година

мај 11, 2026

Ова се најдобрите плажи во светот за 2026 година

март 2, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.