Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Сите бои на Шар Планина и летната привлечност на Попова Шапка
Автор

Сите бои на Шар Планина и летната привлечност на Попова Шапка

август 10, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ако во зимскиот период белата боја на снегот ја доловува убавината на Попова Шапка и Шар Планина, во лето сите останати бои се таму во разни облици и ја претставуваат привлечноста на овој центар и планина. Месеците јули и август е времето кога на падините околу Попова Шапка речиси сите посетители се во потрага по црвената боја на шумските јаготки или темносината на боровинките. Нив ги има насекаде и претставуваат главна занимација на посетителите без разлика дали се таму на еден или повеќе денови.

Сето шаренило на бои на Шара и нејзината убавина во лето може да се откријат движејќи се кон поддалечените предели, падини и врвови во близина на Попова Шапка скијачки и рекреативен центар кој и во зима и во лето е најзначајна логистичка точка за сите видови активности и доживувања на планинскиот масив.

-Попова Шапка претставува голем профил и потенцијал за планински туризам иако е наша локална дестинација. Во лето освен прошетка, веќе има организирани активности кои ги нудат повеќе оператори. Тоа се возење планински велосипеди, јавање коњи, дегустација на локални производи како што се овчо сирење, биено сирење, качамак, кисело млеко. Потоа од шумските плодови да се пробаат чаеви, ракија, слатко, мармалади и сокови. Во околината на Попова Шапка се овдешните бачила каде се произведуваат млекото и млечни производи од овци, а и самите посетители можат да пробааат и доживеат што значи пасење, молзење и складирање на млекото, вели Методи Чилиманов, наш водич низ Попова Шапка од „Шар Аутдорс“, фирма специјализирана за планинско и авантуристички туризам.

Заедно со неговите колеги група посетители на Попова Шапка, заминуваме со електрични планински велосипеди и запознавање на Шара поточно околината на зимско-рекреативниот центар. Од викенд населбата во правец кон месноста Јелак и позади Црн врв на 1890 метри надморска височина, дестинација е бачилото и биофарма „Први Мај“. Користиме специјално дизајнирани велосипеди за на планина кои имаат и батерија што дава енергија на моторот кој помага на преносот (педалите) на велосипедот.

Кај викенд населбата се поставени пет можности како дестинации за возење планински велосипед наречени Вргањ, Јелак, Бачило и Лешница. Кога се одминува викенд населбата започнуваа хоризонтите со огромен број  нијанси на летните бои на Шара. Веќе зад нас е Попова Шапка, па се забележуваат интензивната боја на темнозелените борови кај Пионерско брдо, црвените покриви на објектите и по некој бел облак.

Нијансите на зелената боја доминираат на пат кон месноста Јелак. Самото име ни кажува дека тука има голем број и разни видови на елки и борови, зимзелени дрвја и други растенија кои во овој период од годината ги доловуваат повеќето нијанси на зелено од шаренилото на Шара.

Се совладува земјениот пат користејќи повеќе од модалитетите на електричниот велосипед наречени „еко“-за минимално забрзување, потоа „трејл“ за средно и „буст“ за најсилната електрична помош на батеријата која го придвижува на најстрмните нагорнини. По речиси еден час се изминуваат околу 10-тина километри и 200 метри разлика во надморска височина.

И во бачилото и биофарма „Први Мај“ е колоритно. Еден од објектите е изграден со забетонирани дрвени трупци, а шумската летна идила ја даваат дрвени клупи и маси со поглед кон илјадниците зелени елки и борови на Јелак. Денот е таков што ретки се белите облаци.

Домаќинот Насер и неговите соработници ни посакаа добредојде со нивните карактеристични и препознатливи производи, тамошно изработено овчо бело, младо и биено сирење, кисело млеко, изразито жолт качамак и домашно бело меко лепче со крцкава кора. -Имаме околу 2000 овци кои се напасуваат тука. Процесот трае од април до октомври, интензивна работа со пасење, молзење и изработка на сирењето и урдата. Биеното сирење е младото сирење на кое дополнително се става сол и се суши на сонце, раскажуваат Насер и Зоран од Крива Паланка, кој е бач или главен мајстор за изработка на сирење.

Запознавањето на летниот шмек на Шара продолжува со јавањето на коњи од биофармата. Насер објаснува дека при отседлувањето важно е добро да се намести седлото како превенција од паѓање. Образложува дека јажињата на задниот дел од седлото треба да се испреврзат околу опашот на коњот, па така при нагло запирање на животното, човекот нема да летне преку коњската глава. Вака зацврстеното јаже на задната страна не дава да се движи седлото, а во комбинација со правилно и силно држење на јажето во раце заврзано за оглавот, опасноста од паѓање од коњот е минимална.

– Коњите се дресирани за да ги јаваат луѓе, но колку и да е силно управувањето од страна на човек, кај нив силно преовладува инстиктот да се приближат онаму каде што има вода и храна, велат домаќините.

Движењето и јавањето коњи низ Шара уште еднаш ја покажува убавината и богатството на Шар Планина. По пат се среќаваме со десетиците видови бои кои ги има кај планински цвеќиња, како и веќе споменатите шумски плодови. Коњите кои по пат пасат или се напојуваат ни ги откриваат пределите каде за нив има здрава и сочна трева и друг вид бујна планинска вегетација како и чиста вода од извори и потоци.

Александар Самарџиев

ИЗВОР: МИА

бои попова шапка убавина шар планина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Метеоролошката служба на Велика Британија предупреди дека феноменот Ел Нињо веројатно ќе биде најсилниот во поновата историја

август 27, 2026

Природен феномен: Две реки со различни бои на водата се спојуваат во кинескиот град Чонгќинг

јули 29, 2026

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година

мај 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.