Возрасен човек од Ливно, Босна и Херцеговина, во вторникот ја загубил козата и одлучил да ја најде по секоја цена. Потрагата по неа ја почнал со рачно напишан оглас кој, поради својата содржина, заврши на социјалните мрежи и на сатиричните страници на медиумите во регионот.
Човекот на опишал козата, ветил и парична награда и нагласил дека таа се изгубила во центарот на Ливно.
„Се бара коза, бела, со рогови која исчезна во вторникот…. Се молат очевидци анонимно со хонорар да ми се јават“, напишал меѓу другото на листот и го оставил и својот број од мобилниот телефон.
Деновиве сликата на интернет собра илјадници лајкови, но не знаеме дали потрагата по козата заврши успешно.








