Џорди Бартомеу повеќе нема да биде член на Управниот одбор на кошаркарската Евролига, беше одлучено на состанокот на клубовите акционери.
На состанокот на сите 11 клубови со трајни лиценци одлучено е Бертомеу да се смени од чело на Евролигата.
Влијанието на клубовите во донесувањето одлуки сега ќе биде зголемено. На анонимното гласање, никој не гласал за останување на Бартомеу.
Причината што 11-те клубови му го свртеа грбот на досегашниот шеф е несогласувањето со распределбата на финансискиот колач, а се почна од средината на април кога седум од овие единаесет клубови се состанаа за да ги усогласат ставовите после информацијата дека Бартомеу направил нов план за прераспределба на парите.
Сега веќе поранешниот шеф на Евролигата, кој барем засега, само формално, и понатаму ќе ја има функцијата директор, но без вистински овластувања, дополнително долеа масло на огнот со неодамнешната изјава дека сака проширување на Евролигата на Лондон и на уште некои други градови кои немаат никаква кошаркарска историја.