Снешко Белчо во Емирати? Речиси незамисливо. Меѓутоа, оваа зима изгледа се е возможно. Снежниот бран го погоди и овој дел од светот, каде што сега беа измерени температитури и до неколку степени под нулата во планинаските предели на северот од земјата.
Десетте сантиметри снег направија луѓето масовно да одат до Јабал Јаис за да направат Снешко и да се санкаат.
Емиратите се познати по жештините и високите температури, меѓутоа оваа година белата прекривка сите жители ги изненади и не можеа да му одолеат.
Иако снегот беше пријатно изненадување, временските прилики не се идеални. Силни ветрови предизвикаа рушење на кран во Дубаи, што доведе до пожар кој уништи три автомобили, а според наводите на агенцијата АФП едно лице е повредено.
Властите ги предупредиле граѓаните поради снегот внимателно да возат и да не излегуваат од домовите ако не е неопходно.







