Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Средба Заев-Борисов: Надминати историските недоразбирања
Македонија

Средба Заев-Борисов: Надминати историските недоразбирања

јуни 21, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов и со претседателот Румен Радев во рамки на дводневната официјална посета на Република Бугарија. На средбите во бугарската престолнина ќе се побара од Бугарија како иден претседавач со ЕУ поддршка на патот за членство на Македонија во Унијата и во НАТО, како и унапредување на соработката меѓу двете земји.

Софија по Брисел е втората дестинација што ја посетува премиерот Заев по формирањето на новата македонска Влада.

Премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, на денешната средба во Софија се заложија историјата да не ги разделува двата народа, туку да ги зближи. Во тој дух, на средбата паднал договор двете земји оваа година заеднички да го прослават Илинден, 2 Август. Во таа пригода, на покана на Заев, можно е Борисов да дојде во Македонија.

Било разговарано и за тоа во Софија да се именува улица по името на покојниот претседател на Македонија, Борис Трајковски, додека во Скопје да се именува улица по поранешниот бугарски претседател Жељу Желев, една од најзаслужните личности за меѓународното признавање на нашата земја.

Заев на средбата побарал Бугарија да ѝ помогне на Македонија и да го пренесе своето искуство во реализацијата на проектите и реформите што треба да се исполнат. Македонскиот премиер најавил дека ќе биде потпишан и договорот за добрососедство, кој долги години беше камен на сопнување во односите меѓу двете земји.

„Разговаравме, ги приближивме ставовите кон потпишување на договор за добрососедство, ни остана уште многу малку. Заедно ќе го прославиме Илинден во Македонија на 2 Август. Се согласивме тогаш да го потпишеме договорот за соработка меѓу нашите две земји. Премиерот Борисов ќе ја посети Македонија и ќе се поклони пред споменикот на нашата историја. Ние денеска ќе се поклониме пред споменикот на цар Самуил во Софија“, изјави Заев по средбата со неговиот бугарски колега.

Борисов, пак, порача дека ќе разговара со своите колеги во Бирсел за пристапот на Балканот во ЕУ.

„Ние сме за единствена Македонија, членка на НАТО и на ЕУ“, рече Борисов.

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов и неговиот македонски колега Зоран Заев, денеска заеднички положија цвеќе на споменикот на Цар Самoил во Софија.

 

Бојко Борисов ЕУ Зоран Заев Илинден НАТО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат

мај 22, 2026

Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали

мај 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.