Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Стоилковски: Каде завршиле парите од „Рекет“?
Политика

Стоилковски: Каде завршиле парите од „Рекет“?

август 11, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Скопје, 11 август 2019

Почитувани,

Македонија е изгубена држава која што се празни од ден на ден затоа што ја имаат окупирано криминалци како Зоран Заев.

Во Македонија со правдата се тргува, се креираат обвиненија со цел некој потоа тоа дебело да ги наплати со изнуди и рекет.

Заев и екипата заедно со нивните слуги во СЈО, обвинителството и судството создаваат случаи за да се рекетираат бизнисмени и уценуваат политичари со опозициони ставови.

На дело гледаме како Зоран Заев и екипата го злоупотребувале државниот апарат за да земаат милиони евра кои потоа веројатно биле делени во помали Луј Витон торбички, паричници или пак директно во џебови.

Институциите кои треба ова да го гонат, се одмораат среде истрага дозволувајќи на тој начин да се форматираат телефони, да се бришат форензички комјутери, да се влијае врз докази и сведоци и потенцијални осомничени кои што можат да уживаат на плажи.

Тоа е лика и прилика на Русковска обвинителството и Луј Витон правдата која работи по директива на Зоран Заев.

Овој скандал е многу сериозен и тоа не го говори само македонската јавност туку за тоа говори и европската јавност.

Поради октоподот кој го инсталираше Зоран Заев, а во кој Боки Тредичи е само еден од пипците.

Лицемерни се пораките на Заев, на Шекеринска и на СДСМ дека институциите треба да го расчистат случајот, кога гледаме признание на ОЈО дека материјалите кои што се објавуваат и тие ги поседувале.

Па ако ги поседувале и на нив јасно се гледа улогата на Катица Јанева и признанијата на Боки Тредичи дека за случајот е зборено со Заев и тој нема да прави проблеми, тогаш зошто ЦЕЛ месец, повторувам ЦЕЛ месец ништо не е преземено за подетална истрага и проширување на обвинението.

Зошто не е утврдено каде се движеле осомничените откако ја зеле торбата Луј Витон и каде завршила таа заедно со парите во неа?

Дали со измислувањето на статусот пријавител, Рускоска се обидува да го амнестира Заев, откако веќе виделе дека случајот ќе излезе во јавноста?

Тенденцијата е веќе јасна, Русковска обвинителството требало да отвори случај во кој ќе гледа по секоја цена да се ограничи на двајца обвинети и со тоа да ги заштитат Катица Јанева, Зоран Заев и многу други функционери од партијата СДСМ.

Соработката на Боки 13 со целокупното СДСМ е овековечена со меморандуми, средби и членство во Организацијата на Боки 13.

Сега на ред се институциите да проверат колку милиони се изрекетирани од Боки
Тредичи, кој се работел со него и како бил делен рекетот меѓу Боки, Зоки, Каки, Шеки, Фрики, Кики и останатите рекетарски ликови.

Сепак овој скандал е огромен и има влијание на нашите евроинтеграции па нема така лесно да успеат да го забошотат.

Одговори, но и одговорност мора да има. Зоран Заев и криминалниот картел околу него, Катица Јанева и СЈО веќе стануваат сериозна опасност не само за владеењето на правната држава, довербата во институциите, туку и угледот на државата во контекст на Европската Унија и на европските интеграции.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

пари рекет Стоилковски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат

мај 22, 2026

Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали

мај 21, 2026

ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра

мај 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.