Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тачи: Заев ми се јави да ја разјасни изјавата што им ја дал на руските измамници
Политика

Тачи: Заев ми се јави да ја разјасни изјавата што им ја дал на руските измамници

јули 11, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави денеска дека македонскиот премиер Зоран Заев му телефонирал синоќа, со цел да ги разјасни изјавите што им ги дал на руските комичари, кои се претставиле како украинскиот претседател Петро Порошенко, а во врска со наводниот договор на Тачи со српскиот претседател Александар Вучиќ за промена на границите“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Одговарајќи на новинарско прашање по прошталната средба со шефицата на Мисијата на ЕУЛЕКС, Александра Пападопулу, Тачи изјави дека, за време на 20-минутниот телефонски разговор, Заев му рекол оти бил жртва на измама, а изјавата што ја дал во врска со наводниот договор меѓу косовскиот и српскиот претседател за доделување на Србија на 10 косовски општини, била „заснована на гласини, дезинформации и
податоци лансирани од Спутњик и други руски гласини“.

„Тоа се зборовите кои ми ги рече, истовремено нагласувајќи дека тоа што го зборувал со измамниците кои му се јавиле по телефон се работи кои немаат врска со односите со Косово. Тој, исто така, нагласи дека нема никаков факт, никаков доказ, никаква официјална информација за тоа што го изјавил, туку сето тоа било врз основа на локални и меѓународни гласини“, изјави Тачи.

Косовскиот премиер нагласи дека „односите меѓу Косово и Северна Македонија биле, се и ќе останат коректни, позитивни и конструктивни, во духот на добрососедството“ на сите институционални нивоа и дека Приштина ќе продолжи да ја поддржува евроатлантската перспектива на својот сосед.

Премиерот Зоран Заев денеска по отворањето на 31. бензинска станица на Лукоил на влезот во скопско Арачиново, потврди дека разговарал со косовскиот претседател Тачи во врска со неговиот разговор со руските комичари, посочувајќи дека доколку со тоа ги повредил граѓаните или претседателот на Косово намерата не била таа.

„Зборувавме со Тачи, бараше објаснување. Јас разменив и порака со претседателот на Србија Александар Вучиќ. Сакам уште еднаш да ја искористам приликата ако со изјавата сум ги повредил граѓаните или претседателот на Косово намерата не била таа. Ние сме исклучително пријателски земји. Јас се надевам, барем така чувствувам, дека сум пријател на граѓаните на Косово. Никогаш не сме имале детали за преговарачкиот процес, како што и претходно изјавив. Сето тоа што е тема на разговори во кои било кулоари кога разговараме од она што е присутно во јавноста и слично. Впрочем и претседателот Тачи и претседателот Вучиќ знаат дека ние и не знаеме, немаме споделено информации“, изјави Заев.

Нашиот став, како што потенцира Заев, е дека навистина посакуваме просперитет и решавање на проблемот со Косово, просперитет на Албанците, на Србите и на сите други заедници кои живеат на Косово, но и во целиот регион.

Заев изјава руски измамници Тачи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Средба на Муцунски со Петрова во Софија

октомври 8, 2026

Петрова пред средбата со Муцунски: Коридорот 8 мора да се заврши, а не да остане збир од одделни проекти

октомври 8, 2026

Кос од Софија: Еден ден целиот Западен Балкан ќе биде дел од Европа

октомври 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.