Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тевдовски: Фискален совет за контрола на јавните финансии
Финансии

Тевдовски: Фискален совет за контрола на јавните финансии

септември 7, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за финанси Драган Тевдовски најави дека до крајот на годината ќе има промени во буџетското планирање за што ќе бил подготвен нов предлог-закон за реформи во овој дел.

„Јавниот долг изнесува 4,7 милијарди евра и потребно е да се промени среднорочното буџетско планирање. Ќе направиме промени во буџетската рамка со предлог-закон за реформи“, изјави министерот Тевдовски.

Тој вели дека е подготвена и предлог-стратегија во која има серија мерки со кои ќе се постават алатки за кредибилно управување со јавниот долг. Тоа, како што напомена, е во склад со препораките на Светска банка и на Европската комисија, како македонски стратегиски партнери.

Стратегијата, посочи Тевдовски, е на среден рок, за периодот од 2018 до 2021 година, за управување со јавни финансии, со што се зафаќа и делот на јавниот долг.

Според министерот, во стратегијата прво е потребно да се смени среднорочното буџетско полнење.

„До крајот на годината планираме да излеземе со промена на буџетската рамка. Во моментов во Министерството за финансии заедно со Финска работиме на еден проект кој треба да ни донесе предлог на закон со кој точно ќе се утврди што да направиме и каде ќе се движат реформите“, посочи Тевдовски и додаде дека како земја мора да мислиме на среден рок и подалеку доколку сакаме да имаме успех.

Во стратегијата, вели, имало седум приоритети, а еден од главните била транспарентноста, на што било посочено и од страна на Светска банка. Меѓу алатките било и формирањето фискален совет, кој бил само еден од механизмите што ќе правеле еден вид анализа и контрола.

„Ако сакаме во Македонија да имаме кредибилни јавни финансии, треба да го подобриме процесот на транспарентност, да се подобри проекцијата на буџетските приходи и расходи, да се мисли на среден рок и да се постават некои механизми“, дециден е Тевдовски.

долг Драган Тевдовски реформи Совет финансии
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Вајц со остра критика: Во последната година не видовме напредок ниту реформи кај Македонија

април 27, 2026

Фон дер Лајен повика на брзи реформи во Будимпешта за Унгарија да ги добие блокираните средства од ЕУ

април 20, 2026

Седница на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

март 1, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.