Тоа што деновиве се најавуваше стана официјално. Милош Теодосиќ е нов член на Лос Анџелес Клиперс.
Маестралниот организатор на играта беше цел на многу клубови, но на крајот се одлучи за екипата која ја води Док Риверс. На својата Фејсбук страница Теодосиќ објави фотографија од потпишувањето на договорот.
„Како и што сакав, направив чекор во кариерата во НБА лигата. Постигнав договор со Клиперси, иако имаше уште неколку заинтересирани клубови. Се одлучив за нив, затоа што мислам дека така е најдобро за мене. Се радувам на тоа, сакам предизвици“, порача популарниот Тео на Фејсбук и уште еднаш им се заблагодари на сите за поддршката.







