Продолжението на хорор-хитот „Тоа“, чија премиера е планирана на есен, ќе ја содржи досега најкрвавата сцена во историјата на хорор-филмовите, откри ѕвездата Џесика Честејн.
„Не би требало да го откривам ова, но… Има сцена во филмот за којашто некој на сетот рече дека има најмногу крв отколку во која било хорорсцена во историјата, изјави Честејн.
Таа ја има една од главните улоги во вториот дел. Во другите улоги ќе ги гледаме Џејмс Мекавој, Џеј Рајан, Зејвиер Долан, а Бил Скарсгард ќе ја повтори улогата на кловнот-убиец.
Режисерот Енди Мускиети изјави дек „Тоа 2“ ќе биде многу пострашен од првиот од пред две години.
„Тоа беше приказна за детството, детската љубов, но и за смртта на едно детство. Секако, тоа е симболично, оти кога Пенивајз (кловнот-убиец) раскажува како тој јаде светови, говори за уништување на светот на мечтата и магијата, објасни режисерот.







