Во третиот натпревар од полуфиналето во Источната конференција од НБА плејофот, тимот на Филаделфија ноќеска го победи Торонто со 116:95.
Клучна за триумфот за домаќините беше разликата остварена во последната четвртина (27:14).
Џоел Ембид со 33 и Џими Батлер со 22 поени беа најзаслужните за победата на „сиксерси“.
Во поразениот тим вообичаено најдобар играч беше Кавај Ленард со 33 поени.
Резултатот во серијата прв до четири победи е 2-1 за Филаделфија.







