Мариа Клинг од Шведска, која ја води фондацијата Аполонија од Гевгелија пред десет години го почна проектот „Ден со природата“.
Од тогаш до денес стотици деца од градот поминаа низ активностите за почиста животна средина.
Проектот има за цел преку научни методи да ја промени свеста кај најмладите за тие поинаку да ја третираат природата, активно да учествуваат во нејзино обликување и соодветно заштитување.
Видеото покажува како децата во опремена лабораторија на фондацијата, отворена заедно со Американскиот мировен корпус, имаат научен пристап, нешто кое ретко може да го има низ формалните училишта, кога учат за природата и кога организираат теренски активности.
Со цел да постигнат поголем ефект во едукацијата за животната средина нивните предавачи имаа обука во Солун од каде се вратија со значајно искуство кое сега го пренесуваат на децата во Гевгелија.







