Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги повика Европска унија и САД да ја завршат работата во регионот, при тоа прашувајќи како две сили можат да раководат со светот, ако веќе две децении не можат да го решат проблемот на Балканот.
Тој истакна и дека ситуацијата во Косово не е одржлива и ако ЕУ и САД не се заложат за решавање на проблемот, тоа ќе го погоди целиот регион.
„Ако ЕУ и Вашингтон не ја инвестираат својата енергија овде, мислам дека целиот регион ќе биде погоден. Ситуацијата во Косово не е одржлива, не е во ред да се држат два милиони луѓе во неизвесност, посочи Харадинај.







