Паразитското заболување лајшманиоза, кое го пренесуваат комарци, се појави и во Колашин. Ова заболување е смртоносно за кучиња, кои неоходно е да се „успијат“ кога ќе им се открие оваа болест, а ризични групи кај луѓето се децата и лицата со послаб имунитет.
Кучињата скитници можат да го забрзаат ширењето на оваа болест, иако таа ретко опстанува во поладните подрачја, пренесува „ЦдМ“.
Управата за безбедност на храна, ветерина и фитосанитарни болести соопшти дека лајшманиоза е откриена и во Подгорица, Бар и Улцињ.
Како што објасни ветеринарот Саша Дрљевиќ од Колашин, ова е паразитско заболување кое го пренесуваат инсекти, а од животни на луѓе се пренесува со помош на песочна мушичка, заради што се јавува во потоплите краеви.
Првите знаци на болеста кај кучињата се томавост, апатичност, губење на апетитот и слабеење.
Кај кучињата најчесто и после долготрајно лечење заболувањето се враќа затоа што, засега, не постои лек кој потполно ја елиминира лајшманиозата од организмот на кучињата.
Дрљевиќ наведува дека за заболено куче единствено решение е „заспивањето“, затоа што болеста повторно се враќа.