Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Четворица македонски тинејџери ќе ја „спасуваат“ планетата Земја на детскиот Евросонг
Естрада

Четворица македонски тинејџери ќе ја „спасуваат“ планетата Земја на детскиот Евросонг

ноември 13, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Ова е единственото место кое го нарекуваме дом и мора да сфатиме дека постапуваме погрешно“ – можеби звучи како заклучок од неодамнешната конференција за климатски промени COP26, но всушност ова се стиховите од песната која ќе ја претставува Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија 2021 во Париз.

Четворица тинејџери од актерската екипа на проектот „Дајте музика“ која е составена од речиси 40 талентирани деца, беа избрани од страна на Македонската радио телевизија да ја претставуваат нашата земја во престолнината на Франција.

Два водечки и два пратечки вокали ќе го кренат гласот за заштита на животната средина и со здружени сили под зеленото знаме, ќе пеат за злото кое ѝ е нанесено на планетата Земја со глобалното затоплување.

„Идејата за учество на Детската Евровизија 2021 дојде некаде во месец мај, кога се подготвувавме за снимање на третата сезона од едукативно-забавниот серијал ‘Дајте музика’. Добивме многу добра песна потпишана од Роберт Билбилов, кој е можеби еден од најталентираните музички продуценти кај нас и кога ја слушнавме, помисливме дека би било штета доколку истата остане само за серијалот. Што се однесува до темата, таа беше избрана од страна на децата. Потоа следеше соработката со еден од врвните македонски бизнис лидери со вродена љубов кон музиката, Робин Зимбаков, а сето тоа на крај резултираше со извонреден пакет кој достојно може да се носи со останатите 18 европски земји кои ќе настапат на годинешниов детски Евросонг“ – рече Цаци Паковска, продуцент на „Дајте музика“.

Заштитата на животната средина е тема која е често споменувана во серијалот.

Во 2019 година, песната „Има ли воздух“ изведена од Филип Поповски се искачи на врвот на топ листите на популарното македонско радио „Бубамара“. Актерската екипа имаше спектакуларен настап, борејќи се за водух, при доделувањето на освоената најпрестижната национална награда „Златна бубамара на популарноста за најпознато шоу во 2019 година“.

„Ние не можеме да ги решиме проблемите со загадувањето, но секој од нас може да направи огромна разлика. Потребни сме ѝ на нашата планета“, велат изведувачите Анастасија, Филип, Кики и Миха во нивниот блог за песната.

Свесни дека не можат да ја поправат штетата што ѝ е нанесена на природата, целта на GREEN FORCES е да поттикнат што е можно повеќе деца, да го согледаат наследството и да почнат да се однесуваат одговoрно кон единственото место кое 7.9 милијарди луѓе го нарекуваат дом.

„Дајте музика“ е партнерски проект на Македонската радио телевизија и „Рифенштал продукција“.

Од октомври 2019 година, шоуто има повеќе од 32 милиони прегледи на својот You Tube канал. Видео записот GREEN FORCES го изработи продукцијата „Вертиго Вижуалс“ и истото премиерно беше претставено вчеравечер на првиот канал на македонскиот национален сервис и официјалниот You Tube канал на јуниорскиот Евросонг.

 

„Дајте музика“ Green Forces актуелно евросонг Земја
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.