Британската кралица Елизабета се појави денеска во парламентот во син комплет и шешир чиј дезен многу потсетува на знамето на Европската унија, а медиумите се прашуваат дали тоа била коинциденција или сублимирана порака.
Социјалните мрежи се преплавени со фотографии и коментари по повод појавувањето на кларицата во парламентот, пренесува Ројтерс.
Таа денес во говорот кон пратениците ја изнесе стратегијата на владата на премиерката Тереза Меј за излез на Британија од ЕУ.
Во таа прилика, не носеше круна туку син шешир украсен со сини цветови со сјајно жолта средина во центарот – токму како знамето на Унијата, сино со жолти ѕвезди.
„Кралицата држи говор за плановите за Брегзит носејќи шешир кој необично личи на европското знаме“, објави Дејли мејл на Твитер.
Други поставуваа на Твитер минтирани фотографии на кои на едната половина е кралицата со шиширот, а на другата знамето на ЕУ. Некои веруваат дека кралицата намерно носеше токму ваков шешир.
Како шеф на државата, британската кралица се воздржува од завземање јавен став за политичките прашања.








