Германскиот Бундестаг го усвои Нацрт законот за протоколот за пристапување на Црна гора во НАТО, пренесува РТЦГ.
Во соопштението на сајтот на германскиот парламент се наведува, како што пренесува телевизијата, дека црногорското пристапување кон Алијансата ќе даде важен импулс за понатамошната стабилизација на Западниот Балкан.
Се потсетува дека Црна Гора поканата за членство во НАТО ја доби во декември 2015 година, а дека протоколот за нејзино пристапување до сега го ратификуваа 15 држави.
Надворешнополитичкиот комитет на американскиот Сенат ќе го разгледа Протоколот за пристапување на Црна Гора во НАТО на работна седница во вторник на 6 декември, било потврдено за „Гласот на Америка“ од тој комитет.
Се наведува дека членовите на Надворешнополитичкиот комитет би требало да ја одобрат резолуцијата со која се дава согласност за ратификација на протоколот, која потоа би требало да биде проследена до полниот состав на Сенатот за гласање.
„Гласот на Америка“ потсетува дека при последената рунда за проширување на НАТО, пристапувањето на Албанија и Хрватска на Алијансата Сенатот го одобри со акламација, кратко време откако Надворешнополитичкиот совет му ја проследи резолуцијата.
Протоколот со чија ратификација на Црна Гора и овозможува да го формализира членството во Алијансата, САД и НАТО сојузниците го потпишаа во Брисел на 19 мај оваа година.