Албанскиот парламент го избра денеска Грамоз Ручи за нов претседател на собранието.
АТА пренесува дека Ручи, висок функционер во владеачката Социјалистичка партија, бил единствен кандидат и дека за него гласале 80 пратеници, против биле 40, а еден бил воздржан, додека пратениците на опозициското Социјалистичко движење го бојкотираа гласањето во парламентот кој има 140 места.







