Автор: Томислав Кежаровски

Французите денес протестираа во неколку градови поради доаѓањето на мигранти од бегалскиот логор во пристаништето Кале, којшто владата планира да го затвори. Градоначалникот на Пјерфе, на југоистокот на Франција, предводеше неколку стотици луѓе поради одлуката на власта да смести мигранти во напуштеното крило на психијатриската болница додека чекаат одговори на нивните барања за азил. Жителите на Пјерфе стравуваат дека дојденците можат да ја загрозат нивната безбедност, како и поради можните тензии со панциентите во болницата. Владата планира во тоа место со 6.000 жители да испрати 60 мигранти. Од друга страна, левичарските активисти одржаа мал собир за да им посакаат добредојде…

Read More

Сирискиот пратеник од џихадистичката група Исламска држава (ДАЕШ) е еден од шесте терористи убиени во Република Ингушетија, во Северен Кавказ, соопштува рускиот антитерористички одбор. Во антитерористичката акција нема загинати цивили, ниту припадници на специјалната полиција. Припадниците на специјалните полициски сили ликвидираа четири терористи во градот Назран, а уште двајца во Газа-Јурта. Според првичните информации, пратеникот на ДАЕШ, Забајри Саутјев, којшто стигнал од Русија за да ги продолжи терористичките активности во земјата, е еден од неутрализираните криминалци, се наведува во соопштението. На местото на вооружениот судир е откриен магацин со оружје, муниција и експлозив и два самоубиствени елеци, се додава во…

Read More

Околу 130 мигранти се спасени денес близу западниот грчки брег, откако од бродот со кој пловеле упатиле повик за помош после крајно лошите временски услови во текот на ноќта, соопшти крајбрежната стража. Бродот стаса во западното грчко пристаниште Метони, на Пелопонез, со помош на локалната полиција, а сите патници се на безбедно. На бродот имало 130 мигранти, чија националност сеуште не е позната, пренесува АФП. Мигрантите изјавиле дека се упатиле кон Италија. Атинската новинска агенција пренесува дека петмина мигранти успеале самостојно да стасаат до брегот на Грција.

Read More

Безбедносните сили на Бангладеш денес убија најмалку 11 осомничени екстремисти во три одвоени рации. Според зборовите на официјални лица од полицијата, тие биле членови на екстремистичката група „Џаматул Муџахедин Бангладеш“ (ЏМБ), која е забранета во Бангладеш. Владата на Бангладеш ја обвини ЏМБ за напад на ресторан во главниот град Дака, во кој беа убиени повеќе од 20 лица, иако екстремистичката организација Исламска држава ја превзеде одговорноста на тоа насилство.

Read More

Полицијата во германската покраина Саксонија интензивно трага по Џабер Ал Бакр, Сириец, роден 1994 година, осомничен за подготвување на бомбашки напад во градот Кемниц на истокот на земјата. Агенцијата ДПА пренесува дека полицијата спровела рација во зграда во Кемниц после добиена информација дека некој можеби планира бомбашки напад. Бил извршен претрес во стан, а после тоа биле евакуирани станарите од зградата, но и оние од соседните куќи. Во текот на претресот, според истите извори, не бил пронајден осомничениот за подготвување напад, ниту бомба, но биле откриени траги од експлозив. Германија во јули годинава беше цел на два напади за кои…

Read More

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави денес дека Русија и Сирија мораат да се соочат со истрага за воени злосторства поради напад врз сириски цивили. Кери рече дека најмалку 20 луѓе загинале, а повеќе од 100 се ранети во четвртокот ноќта кога сириските сили бомбардирале уште една болница. Според неговите зборови, Русија и Сирија им должат на светот „повеќе од објаснување“ за бомбардирањето на болници, жени и деца. „За таквите потези потребни се адекватни истраги, истраги за воени злосторства“, рекол Кери. Тој, исто така, навел дека такви напади не можат да се сметаат за случајности, наведува агенцијата АП. На крајот,…

Read More

Три лица од Либерија се потешко повредени во расистички мотивиран напад на истокот на Германија. Полицијата во покраината Саксонија-Анхалт соопшти дека жртви на нападот се маж од Либерија, неговата партнерка и нејзиниот внук. Двајца мажи во четвртокот ноќта заѕвониле на вратата од станот на Либериецот во Мерсебург. Тие вооружени со бејзбол палки го нападнале 44-годишниот маж и 47-годишна жена. Во инцидентот е повредено и петгодишно дете. Напаѓачите си заминале но едниот од нив се вратил по доаѓањето на полицијата, извикувајќи расистички пароли. Полицијата после тоа го пронашла и вториот напаѓач. Уапсените, според информации од локалната полиција, се од Марсебург и…

Read More

Во Лондон денеска е уапсено дваесет и едногодишно момче кое се качило на капијата на Бакингамската палата и влегло во кралскиот двор, соопшти Скотланд јард, пренесува Би-Би-Си. Во полицијата било пријавено дека машко лице се качува на јужната капија во 13.45 по локално време. Момчето е уапсено поради недозволен влез во комплексот. Кај него не е пронајдено какво било оружје, но истрагата продолжува, навела полицијата. Уапсениот е ставен во притвор и ќе биде однесен во психијатриска клиника заради проценка на менталното здравје.

Read More

Британскиот министер за финансии, Филип Хамонд, изјави дека британската фунта ја губи вредноста поради тоа што инвеститорите стануваат се повеќе свесни дека Велика Британија ќе излезе од ЕУ. Фунтата денес утрината претрпе еден од своите најголеми падови. За неколку минути изгуби шест проценти од својата вредност, со што падна на најниско ниво во последните триесет години, но после тоа таа закрепна. Вчераноќ британската валута од 1,26 долари падна на 1,18, а подоцна „си дојде на себе“ и чинеше 1,25 долари. Причините за овој неверојатен пад којшто се случи „во ниедно време“, кога работеа само азиските берзи, сеуште не се познати.…

Read More

Српски цариници денес на граничниот премин Шид спречија обид на двајца мигранти скриени во камион, на врвот на товарот, да влезат на територија на Европската унија. Две деца од Авганистан од 12 и 16 години се откриени при детална контрола на камион којшто превезувал мебел од Јагодина кон Италија. Тие како и многу нивни претходници ја искинале церадата од горната страна на приколката и се вовлекле во тесниот простор, во кој можеле да бидат само лежечка положба. На цариниците во прв момент им се причинило дека товарниот простор е исполнет до крај со кутии со разни видови на мебел и…

Read More