Автор: Томислав Кежаровски

Навивачите на фудбалските клубови Динамо и Јувентус се судрија денес во Загреб, пред натпреварот на двете екипи во Лигата на шампиони. Во инцидентот има неколкумина повредени, а причинета е поголема материјална штета. Фанови на „Старата дама“ во изјави за медиумите рекле дека педесетмина навивачи на Динамо без причина нападнале неколку приврзаници на италијанскиот клуб. Според проценки на хрватски и италијански медиуми, на натпреварот дошле меѓу 1.500 и 2.000 навивачи на Јувентус. Натпреварот се игра во рамките на второто коло од Групата Х.

Read More

На Хрисопија Девеци ќе и биде одземен бронзениот медал која го освои во трискок на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, поради допинг. Во денешното соопштение на Меѓународната атлетска федерација (IAAF) се наведува дека резултатите на грчката атлетичарка, земени на Светкото првенство во 2007 година, на повторените тестирања биле позитивни на забранетата супстанца-станозолол. Поради тоа таа ќе биде ретроактивно суспендирана на две години, од август 2007 до август 2009, што значи дека ќе и бидат одземени двете бронзени медали од Светското првенство 2007 и Игрите во Пекинг една година подоцна. Како што се наведува во соопштението, сребрениот медал освоен…

Read More

Истанбул после пола деценија повторно ќе биде домаќин на четирите најдобри европски екипи. Како што соопшти првиот човек на Евролигата, Џорди Бертомеј, единствениот град на два континенти ќе ги пречека учесниците на Фајнал-фор 2017 година. „Истанбул е град од светска класа. Градот сега ќе има прилика повторно да биде организатор. Завршниот турнир ќе се одржи од 19 до 21 мај и сигурно ќе биде возбудлив крајот на новата сезона – стои во соопштението на Евролигата. Завршниот турнир ќе се игра во салата „Синан Ердем“ во која Јоргос Принтезис со кош во последните стотинки од натпреварот, со самиот звук на сирената,…

Read More

Витаминот К2 се внесува само преку храна и тој речиси и дека не е присутен во исхраната на европските народи. Многу е важен затоа што ги чува коските и крвните садови, а луѓето од Блискиот исток го внесуваат најчесто преку намирници. Традиционалната јапонска храна Хатто, добиена од ферментација на соја, содржи најголеми количини на витаминот К2. Клиничките студии докажале дека лицата кои консумираат ваква храна се изложени на помал ризик од кршење на коски. Зголемената концентрација на витаминот К2 во крвта го поправа коскениот статус. Со оглед на тоа дека Хатто не е на менито на западната цивилизација, лекарите препорачуваат…

Read More

Актуелниот светски шампион во Формула 1, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон рекол дека е уверен дека ќе се врати во добра форма за завршните трки во сезоната, дека ќе го врати водството во генералниот пласман и ќе ја освои четвртата титула светски првак. Шест трки пред крајот на шампионатот Хамилтон заостанува осум бодови зад клупскиот колега Нико Розберг. Тие двајца неколку пати во текот на сезоната се сменуваа во водство, а Розберг победи во последните три трки и со 19 бодови заостанување, колку што имаше во јули, сега има осум бодови предност. „Ќе ми бидат потребни добри резултати за да…

Read More

Поранешниот хрватски репрезентативец Иван Класниќ поминува низ вистинска животна драма. Тој мора да оди на трета трансплантација на бубрег, пишува германскиот „Билд“. Првиот, кој го добил од мајка му неговото тело го отфрлило. А, вториот го донирал татко му, меѓутоа и тој почнал да откажува така што е неопходна нова трансплантација. Неговиот брат Јосип се понудил да биде донатор, но поради создадените антитела не е дозволено да биде некој од членовите на семејството. „Јосип се чувствува полошо од мене, затоа што не може да ми помогне. Ќе прифатам што и да биде. Кога животот ти виси на конец мораш да…

Read More

Фудбалерите на Аталанта го победија на гостински терен Кротоне со 3:1 во шестото коло од италијанската Серија А. Аталанта во првото полувреме го декласираше Кротоне и практично тогаш го реши натпреварот, со оглед на тоа дека после 45 минути водеше со 3:0. Гостите од Бергамо поведоа веќе во третата минута со голот на Андре Петањан. На 2.0 зголеми Јасмин Куртиќ во 40 минута. Во првата минута од судиското продолжение на времето Александро Гомес со сјаен удар од работ на шеснаесетникот го постигна третиот гол. Аталанта од 62 играше со играч помалку, откако Франк Кес поради остар старт доби директен црвен…

Read More

Депортиво Алавес ја забележа втората победа во новата сезона во шпанската лига. На затворањето на шесттото коло, Алавес на свој терен ја совлада Гранада со 3:1 (0:0). Головите за Депортиво ги постигнаа Едгар Мендес во 32, Виктор Камараса во 66 и Дејверсон во 92 минута. Единствениот гол за Гранада го постигна Артем Кравец во 78 минута. Алавес после шест одиграни кола во Примера го завзема деветото место со исто толку победи, додека Гранада е претпоследна, 19-та, со само два бода.

Read More

Актуелниот италијански фудбалски првак Јувентус допатува во Загреб каде што со почеток во 20.45 го очекува натпреварот против Динамо во рамките на второто коло од групата Х од Лигата на шампиони. Фудбалерите на торинската „Стара дама“ веднаш се упатија кон стадионот во Максимир, но не тренираа туку само се прошетаа по теренот. Тренерот Масимилијани Алегри во Загреб доведе 20 играчи меѓу кои се и двајцата хрватски репрезентативци Марио Манџукиќ и Марко Пјаца. „Дојдовме по три бода и размислуваме само за утрешниот натпревар. Не сакаме да дозволиме никакво изненадување, рече Алегри на средбата со новинарите. Алегри нагласи дека „Јуве“ игра секои…

Read More

Швајцарците на референдум одобрија прислушување на разговори и надзор на електронската пошта ако за тоа постои одобрување од Сојузниот суд или од Министерството за одбрана. Дури две третини од излезените на гласање, или 65.5 отсто, се согласиле разузнавачките служби да добијат неспоредливо поголеми овластувања отколку што имаа до сега. Противниците, меѓутоа, изразиле сомнеж дека ова би можело да ја загрози традиционалната швајцарска неутралност на која се горди нејзините граѓани и која сакаат да ја одржат. Швајцарија беше една од ретките земји во која прислушувањето на телефонските разговори и следењето на електронската пошта беа забранети без оглед на околностите. Владата водеше…

Read More