Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
- Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
- Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
- Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
- Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
- Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
- Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
- Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
- ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Автор: Томислав Кежаровски
Седиштето на Владата на Србија, од 10 до 17 октомври, ќе биде нишката касарна „Књаз Михаило“. Тука ќе се одржуваат седниците, како и средби на граѓаните со премиерот и министрите, кои ќе се обидат да решат што повеќе проблеми во текот на тие седум дена. Подготовките за настанот се во полн ек. Предвидено е премиерот и министрите при престојот да се хранат во војничкиот ресторан, додека состаноците и приемот на граѓаните би биле организирани во Мултимедијалниот центар. Граѓаните на Ниш и околните места можат за разговор со премиерот да се пријават на телефон или со испраќање на пријава на меил…
Падобранецот Т.К. (26), турски државјанин, денеска околу 13 часот падна на покрив на зграда во Падинска скела, крај Белград, во непосредна близина на спортскиот аеродром. Овој пад, за среќа, не заврши кобно, а поради брзата реакција на екипата на Итната медицинска помош турскиот државјанин помина без сериозни повреди. Во улицата Дејан Смиљковиќ број 113 брзо стигнале и пожарникари, но немало потреба од нивна интервенција. Станарите од станбениот комплекс на кој „слетал“ падобранецот велат дека се исплашиле кога слушнале силен удар на покривот. Како дошло до оваа незгода уште не се знае, а нема информации ниту за искуството на падобранецот. Неофицијално…
Во акција на српската полиција уапсени се членови на криминална група од Бујановац и Прешево кои се занимавале со организирање на илегален влез, престој и транзит на мигранти. Осомничените ги прифаќале мигрантите на македонско-српската граница, ги вдомувале извесно време, а потоа ги префрлувале до одредени дестинации од каде се упатувале кон земјите во Западна Европа. Претреси се извршени на 16 локации на подрачјето на Прешево и Бујановац и се откриени 18 извршители на кривичното дело „недозволен премин на државната граница и криумчарење на луѓе“. Шеснаесет од нив се задржани во полициска станица и ќе бидат однесени на сослушување кај истражен…
Четири лица во средата вечерта околу 20 часот во скопско Шуто Оризари силувале 18-годишна девојка. Настанот се случил на улицата Нов живот, близу последната постојка на 19-ка. Случајот во полиција го пријавил вработен во ХОПС. Инспектори од Министерството за внатрешни работи работат на утврдување на идентитетот на напаѓачите и на нивно пронаоѓање и приведување.
На курсната листа која Хрватската народна банка (ХНБ), во однос на курсот од крајот на минатиот петок, куната ослабела во однос на речиси сите поважни странски валути, а најмалку 0,01 отсто ослабела во однос кон еврото. Средниот курс на еврото изнесува 7,500085 куни. На неделно ниво куната ослабе во однос на американскиот долар за 0,09 отсто, а кон швајцарскиот франк за 0,56 отсто, додека во однос на британската фунта има раст од дури 1,26 отсто. Така, средниот курс на доларот на крајот на оваа недела изнесува 6,688741 куни, франкот е 6,895362, а фунтата – 8,705844 куни.
CROBEX 10 се искачи на највисокото ниво од крајот на април 2013 година. Индексот за Загребската берза во четвртокот попладнето ја премина границата од 1900 поени после речиси две години. Зајакнувајќи 1,1 отсто, CROBEX 10 денот го заврши на 1914 поени што е вредност која статистиката последен пат ја забележала на 7 октомври 2014 година. Уште подобар резултат остварил потесниот индекс на CROBEX 10 кој порасна за 1,2 и застана на 1118 поени. Со тоа го достигна највисокото ниво од крајот на април 2013-та. Со растот од четвртокот индексите на Загребската берза ја продолжија позитивната серија петти ден по ред.…
Буџетот е со рекордно ниво на капитални инвестиции, повисоки за дури 20 отсто во споредба со оваа година Вкупните приходи се планира да бидат 187,6 милијарди денари, 7,6 отсто повеќе во однос на 2016 година, а расходите да се 206,22 милијарди денари, или за 4,5 отсто повеќе од оваа година. Буџетскиот дефицит е предвидено да изнесува 3 отсто од БДП, односно 18,6 милијарди денари во апсолутен износ. Буџетот за 2017 година е работен врз основа на проекција за раст на економијата од 3 отсто следната година. Бруто-инвестициите се очекува да остварат реален раст од 4,5 отсто, приватната потрошувачка да се…
Владата донесе одлука да ја започне постапката за објавување јавен повик за изградба на дистрибутивна гасоводна мрежа на целата територија на Македонија, по пат на јавно приватно партнерство. Со одлуката се предвидува зголемување на концесијата од 20 на 30 години и намалување на цената на приклучокот за граѓаните од 100 на 80 евра. Останатите средства ќе бидат субвенционирани од Владата. Причина за објавувањето на новиот повик, според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, е новонастанатата ситуација на светскиот пазар на гас.
Школото за борбени нуркачи на италијанската морнарица (Scuola Incursori) сместено во големата база и пристаниште Ла специа на полуостровот Валинјано, претставува центар за нуркачка обука на специјалните единици на морнарицата и другите родови војска, на карабињерите и полицијата. Главните задачи се селекција и основна нуркачка обука за потребите на специјалната единица за морнарички нуркачи COMSUBIN – Команда на нуркачи и извидници (COM-ando SUBacqui e INcursori). COMSUBIN, чие официјално име е Одред за поморски диверзанти и нуркачи „Тесео Тесеј“, има околу 800 луѓе распоредени во три главни борбени групи и неколку логистички единици: Оперативна група на диверзанти GOI (Gruppo Operativo Incursori)…
Кумановската библиотека „Тане Георигиевски“ онлјан го одбележува 23-ти април Светскиот ден на книгата и авторското право. Повикувајќи ги читателите да останат дома и да читаат, од библиотеката потсетуваат на важноста на овој ден. Од библиотеката на фан страната споделија објава од македонската порака „Умот царува, а книгата го храни“ од проф.д-р Методи Чепреганов, како и цитати за книгат- „Не постои толку лоша книга што не содржи барем нешто добро во неа.”- Сервантес и „Ружата под било кое друго име ќе мириса исто.”-Шекспир „Библиотека „Тане Георгиевски”-Куманово овој ден го одбележува според каталонскиот обичај со подарок за секој читател книга и цвет,…













