Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
- Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
- Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
- Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
- Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
- Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
- Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
- Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
- ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Автор: Томислав Кежаровски
Фудбалскиот сојуз на Бугарија денес соопшти дека нов селектор на репрезентацијата е Петар Хубчев. Извршниот одбор на бугарскиот фудбалски сојуз едногласно одлучи Хубчев на клупата на националната селекција да го замени Ивајло Петев кој, според наводите во некои медиуми, би требало да го превземе загребски Динамо. Хубчев ќе ја предводи Бугарија до крајот на квалификациите за Светското првенство во 2018 година. Неговото деби е на 7 октомври на натпреварот против Франција, а три дена подоцна го очекува натпревар против Шведска. Бугарија ги почна квалификациите за Светското првенство во Русија со тешка победа против Луксембург од 4:3.
Американскиот Сенат денес убедливо го надгласа ветото на Барак Обама за законот кој ќе овозможи подигнување тужба против Саудиска Арабија за терористичките напади на 11 септември 2001 година. Сенатот гласаше 97:1. Ова е прв ваков случај откако Обама ја превзеде должноста претседател на САД, а вкупно 111 во американската историја. Претседателот на САД стави минатата недела вето на законот кој дозволува на семејствата на жртвите од терористичките напади во Њујорк да ја тужат Саудиска Арабија. Обама предупреди дека овој закон би бил штетен по националните интереси на САД и дека го подрива националниот суверенитет. Законот кој овозможува преживеаните и семејствата…
Најмалку две деца се ранети во инцидент што се случи во основно училиште во Таунсвил во Јужна Каролина, јавува CNN. Напаѓачот е уапсен, соопштила портпаролката на полицијата за округот Андерсон, Шејла Кол. „И понатаму работиме на собирање на информации“, соопштиле официјални лица од градот.
Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, оцени денес дека ситуацијата во делови на Алепо кои се под контрола на бунтовниците е „полоша отколку во кланица“ и индиректно ги обвини Русија и властите во Дамаск за воени злосторства. Тој го рече ова на седница на Советот за безбедност за здравствената заштита во вооружениот судир, по повод бомбардирањето на уште две болници во источниот дел на Алепо. Бан Ки Мун наведе, не именувајќи ниту една земја, дека „тие кои користат оружје за уште поголемо уништување, точно знаат што работат и знаат дека прават воено злосторство“ и додал дека „болниците, клиниките…
Џошуа Чети, јужноафрикански тенисер, е доживотно суспендиран затоа што се обидел да намести меч, соопшти денес Единицата за интегритет на тенисот. Дваесет и едногодишниот Чети во ноември 2015 година за време на турнирот во јужноафриканскиот град Стеленбос на еден играч му понудил 2.000 американски долари да одигра лош меч во сингл, а 600 долари за лош меч во двојки, но тој тенисер ја одбил понудата и го пријавил случајот. Името на тенисерот кому Чети му понудил пари не се соопштува. Чети е моментно 1.857 тенисер на АТП листата.
Конгресменот од Демократската партија, Џон Конерс, изјави денес дека американски разузнувачки претставници постигнале „јасен консензус“ дека руската влада стои зад сајбер-нападот на Демократскиот национален комитет (DNC). Конгресменот од Мичиген и член на одборот за правосудство и внатрешна безбедност рече дека Федералното истражно биро треба да испита зошто Русија сака да ги поткопа претседателските избори во САД. Конерс истакна дека се сложува со оценката на претседателот на Претставничкиот дом на Конгресот, Пол Рајан, дека „Русија е глобална закана која ја предводи подмолен насилник.“ Директорот на ФБИ, Џејмс Коми, не може да потврди или да демантира дали агентите на таа служба ги…
Боксерската легенда на некогашна Југославија, Сретен Мирковиќ, почина денес во Општата болница во Пожаревац, на педесет и осумгодишна возраст, после долга и тешка болест. Овој славен и ценет спортист зад себе имаше 500 борби, од кои дури 300 ги заврши пред време – со нокаут на противникот. Постарите генерации го паметат како еден од најдобрите боксери, меѓу кои беа и Мате Парлов, Марјан Бенеш, Звонко Вуин, Мемет Богујевци, браќата Слободан и Тадија Качар… Првите успеси Мирковиќ ги имал во БК Млади радник во Пожаревац, во кој се доселил после родната Приштина, Врбас и Призрен. Кариерата ја продолжил во Смедерево, во…
Фудбалерите на Јувентус вечерва во Загреб го победија Динамо со 4:0, во натпревар од второто коло од Групата Х во Лига на шампиони. Италијанскиот шампион потполно го надигра загребскиот тим, кој често се бранеше и со десет играчи. Торинските црно-бели поведоа во 24 минута со голот на босанскиот фудбалер Миралем Пјаниќ, кој лесно ја испрати топката во мрежата после грешката на дефанзивецот на Динамо Леонардо Сигал. Водството го дуплираше Гонзало Игуаин во 31 минута после додавањето од Пјаниќ во срцето на шеснаесетникот. Динамо не направи речиси ништо позначајно во првото полувреме, освен шансата во 26 минута кога после центаршут топката…
Најрепрезентативната литературна манифестација во овој дел на Европа, Меѓународниот белградски саем на книгата оваа година ќе биде одржан од 23 до 30 октомври. Гости на овогодишниот 61 Саем ќе бидат големи литературни имиња – писателите Захар Прилепин, Ерленд Лу, Вил Фирст, Свејн Мененсланд, Ведрана Рудан, Александар Мекол Смит, Александра Потер, Антон Холцер, Миленко Стојичиќ, Румјан Еберт и Маркет Хајклова. Под мотото „Книгите во раце“ ќе се претстават повеќе од 450 излагачи, а почесен гостин на манифестацијата ќе биде Али Јанат, министер за култура на Исламска Република Иран, кој свечено ќе ја отвори. Во саемските хали своите наслови ќе ги изложат…
Горан Пандев доби забрана за настап на два натпревари во Серија А откако на последниот меч, помеѓу неговата Џенова и Пескара, доби црвен картон. Во дисциплинскиот извештај на Серија А е наведено дека Пандев користел „навредлив израз“ кон судијата Масимилијано Ирати, со дополнителна изјава во која тоа било оквалификувано како „срамно зборување“ кон службените лица на натпреварот. Претходно исклучениот играч на Џенова, Еденилсон, доби „стандардна“ забрана, ќе паузира на еден натпревар, За Пандев ова е трето исклучување во кариерата, второ во дресот на Џенова.













