Автор: Томислав Кежаровски

Повеќе илјади луѓе протестираа Сани, главниот град на Јемен, по повод воздушниот напад на меѓународната коалиција која ја предводи Саудиска Арабија на погребна сала, што го прави еден од нападите со најмногу жртви во текот на граѓанската војна во таа земја. Билансот од бомбардирањето е 140 загинати и 525 ранети, соопштија официјални лица од Обединетите Нации. Саусиска Арабија соопшти дека ќе спроведе истрага поради „извештајот за тажнното и мачно бомбардирање“ во Сани, не наведувајќи притоа дена нејзината коалиција која се бори против бунтовниците во Јемен е единствена која има воздухопловни сили во тој судир, наведува агенцијата АП. АП потсетува дека…

Read More

Договорите за изградбата на гасоводот за руски природен гас преку Турција би требало да бидат финализирани утре, кога во Истанбул ќе се состанат претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган. Во интервју за агенцијата Анадолија, во пресрет на Светскиот конгрес во Истанбул, рускиот министер за енергетика, Александар Новак рече дека формулирањето на меѓувладината спогодба за изградба на гасоводот Турски поток во голема мера е договорена. Со проектот којшто Путин го најави во декември 2014 година, при посетата на Турција, се предвидува гасот по дното на Црно море да се пренесе до западната турска покраина Тракија. Еден…

Read More

Полицијата во Германија сеуште трага по Јабер Албакр, дваесет и двегодишно момче од сириско потекло, во чиј стан во Кемниц беа пронајдени неколку стотици грама експлозив. Постојат сомненија дека Албакар планирал бомбашки напади, а информациите стигнале од разузнавачките служби, заради што извесно време бил надгледуван. Сепак, успеал да побегне. За откривање на неговото засолниште можеби ќе помогнат тројцата уапсени кои се поврзуваат со одметнатото момче. Сите тие се поврзани со екстремни исламистички кругови. Албакр во Германија стигнал минатата година од Дамаск, кога во таа земја влегле околу 890 илјади мигранти и нему му бил одобрен азил. Германските медиуми јавуваат дека…

Read More

Резултатите од анализите од неодамна направени сателитски снимки предизвикуваат загриженост дека Северна Кореја подготвува нов нуклеарен тест или лансирање на далекуцелни ракети, предупредија денес експерти од американско-корејскиот институт „Џон Хопкинс“. Шпекулациите дека Пјонгјанг подготвува лансирање поврзано е со утрешната прослава од основањето на Работничката партија на Северна Кореја. Поранешните нуклеарни или ракетни проби често се правени на клучни политички датуми во државата. Петтата нуклеарна проба минатиот месец е направена на годишнината од оснивањето на Република Северна Кореја. Последните сателитски снимки се од 1 октомври и на нив се гледаат сандаци на лансирни места, веднаш до ракетните рампи и возила крај…

Read More

Две лица се убиени, а најмалку шест се повредени во денешниот вооружен инцидент во Ерусалим. Инцидентот се случи во близина на седиштето на израелската полиција. Напаѓачот, идентификуван како 39-годишен Палестинец од источен Ерусалим, според информациите, почнал да пука од својот автомобил во толпа луѓе што чекале трамвај. Веднаш потоа тој избегал. Убиен е во престрелка со полицијата на околу еден километар од местото на настанот. Во нападот се убиени една шеесетгодишна жена и полициски службеник, а ранети се шест лица кои се пренесени в болница и задржани на лекување. Полицијата го квалификуваше денешниот инцидент како терористички напад и отвори истрага.…

Read More

Владата на Етиопија денес прогласи вонредна состојба која стапува на сила веднаш. Причина за тоа се насилствата што се случија во текот на неделава на антивладините протести ширум земјата во кои имаше жртви и материјална штета, најповеќе во регионот Оромија. Советот на министри донесе одлука за вонредна состојба и пораката му ја достави на премиерот Хајлемариам Десален. Големите градови во регионот Оромија се соочуваат со немири и насилни протести откако на 2-ри октомври загинаа повеќе десетици луѓе во панично бегство кога полицијата се обиде да ги разбие антивладините протести за време на големиот верски фестивал во Бишофт.

Read More

Возачот на Мерцедес, Нико Розберг, победи во трката во Формула 1 шампионатот за Големата награда на Јапонија и го зголеми водството на 33 бодови пред клупскиот колега Луис Хамилтон. Розберг ја оствари деветтата победа во сезонава, 23 во кариерата, а прва на патеката Сузука во Јапонија. Тој оствари резултат од еден час, 26 минути и 43 секунди. После летната пауза, Розберг триумфираше на четири од досега извозени пет трки. Второто место денес го освои Макс Верстапен од Ред Бул, а трет низ целта помина Хамилтон. Возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен, беа на петтото односно шестото место, а…

Read More

Најголемиот дневен весник на унгарската опозиција, „Непсабадшаг“, од денес не излегува што предизвика загриженост за слободата на печатот во владеењето на Виктор Орбан. Социјалистичката опозиција запирањето на печатењето на весникот и затворањето на неговите страници на интернет го нарече „црн ден за печатот“ и повика на демонстрации. Групацијата „Медиаворкс“ во соопштението кое го пренесе агенцијата МТИ наведува дека издавањето на весникот е запрено од економски причини, времено, „до утврдување и спроведување на нов концепт“. Настанат пред шеесет години, „Непсабадшаг“, што во превод значи „Слободен народ“, имаше најголем тираж во Унгарија и остро ги критикуваше премиерот и неговата политика против мигрантите.…

Read More

Возејќи автомобил, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес прв помина низ новиот тунел долг повеќе километри, кој под Босфорскиот теснец ги поврзува европскиот и азискиот дел. „Новиот тунел, чија изградба почна во февруари 2011 година и којшто преминот од едниот на другиот брег на Истанбул ќе го скрати за неколку минути, ќе биде отворен „за јавност“ на 20 декември“, рече турскиот претседател во говорот на националната телевизија. Претходно, Ердоган во придружба на премиерот Бинали Јилдирим и министерот за сообраќај Ахмет Арслан, два пати помина низ тунелот „Евроазија“, од азиската страна на европската и назад, возејќи ги во „мерцедес“. „Од 29…

Read More

„Ролинг Стонси“, кои на почетокот на шеесетите години почнаа со обработки на американски блуз изведувачи, на 2 декември ќе го издадат „Blue & Lonesome“, својот прв студиски албум по повеќе од 10 години пауза. Великаните на рокот соопштија дека албумот го снимиле за три дена, без дополнителни снимки, во студио во Лондон. На две од 12 песни свири и гитаристот Ерик Клептон, исто така познат по своите блуз мизучки корени. „Стонси“ на почетокот на својата кариера свиреа обработки на хитовите на Џими Рид, Вили Диксон, Литл Волтер и други американски музичари. После групата разви сопствен стил со авторските песни на…

Read More