Автор: Томислав Кежаровски

На граничниот премин Бајаково, на влез во Хрватска, полицијата заплени 32 килограми хероин. Дрогата е пронајдена во автомобил со бугарски регистерски таблички. Возачот, шеесет и едногодишен државјанин на Бугарија, е уапсен и против него е поднесена кривична пријава за неовластено производство и промет со дроги. На преминот Бајаково кон крајот на октомври „паднаа“ повеќе од 47 килограми хероин. Дрогата тогаш беше во возило, исто така, со бугарски регистерски ознаки. Таа заплена беше рекордна за оваа година.

Read More

Во кампот Суда на грчкиот остров Хиос во текот на ноќта дошло до немири меѓу мигрантите во бегалскиот камп, кои потоа предизвикале инциденти низ градот. По интервенцијата на полицијата, ситуацијата е под контрола. Мигранти, главно од Африка, вчераноќ околу 23 часот прво запалиле шатори и уништиле поголем дел од кампот и кршеле автомобили и излози. Уапсени се педесетина бегалци. Според ЕРТ, околу 23 часот група мигранти влегле во продавница за пиротехнички средства и украле поголемо количина петарди. Тие, освен што направиле значителна штета во кампот, ги вознемирувале жителите во локалните куќи, а фрлале и камења по автомобили во движење. Полицијата…

Read More

Сообраќајната полиција вчера изврши увид во 11 сообраќајни несреќи во Скопје. Едно лице почина, а пет се повредени во четири сообраќајки, во седум, пак, е причинета само материјална штета. Санкционирани се тројца возачи кои поминале на семафор на црвено светло, 24 возачи за време на управувањето на возилото не го користеле сигурносниот појас или зборувале на телефон, а 17 возачи го управувале возилото без положен возачки испит.

Read More

Британската влада одрекува непостоење на официјален план за Брегзит, како што се тврди во извештајот кој деновиве протече во медиумите. Како што денес пренесе лондонскиот весник „Тајмс“, документот го подготвил консултант и во него се наведува дека „заеднички стратегии за Брегзит нема“. Од канцеларијата на премиерката Тереза Меј велат дека „не е во прашање владин извештај и дека владата не ги прифаќа тврдењата изнесени во него“. Во извештајот, во кој имал увид и Би-Би-Си, се наведува дека владата можеби ќе мора да ангажира и до 30 илјади луѓе за работи околу Брегзит. Според тој извештај, наспроти бројните дебати од референдумот…

Read More

Деновиве огромна дупка буквално проголта 30 метри од една од најпрометните сообраќајници во јапонскиот град Фукуока. Ова е се позачестена појава во последно време. Земјава на повеќе места се отвори и вовлече дворови, патишта, автомобили… Што е причината за оваа „глад“ на планетата (лизгање на земјиштето, земјотреси), сеуште не се утврдено. Се истражуваат причините за овие мега-дупки кои не бираат каде ќе се појават. Не се поштедени Јапонија, Австралија, Гватемала, Германија, САД, Босна и Херцеговина, Индонезија… Каде ќе се отвори следната никој не може да претпостави.

Read More

Синдикатот на УПОЗ бара оставка од Живко Митревски. Велат дека без одлука на претседателството или советот на ССМ, Митревски, ја злоупотребил својата позиција и потпишал меморандум за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, што било во спротивност со статутот и програмата на ССМ. Од УПОЗ најостро реагираат на, како што истакнуваат, штетниот и дрзок чин на кој Живко Митревски, заради свои потреби и лични привилегии, го туркал синдикатот во партиски канџи. „Без консултации, самоволно, на своја рака го потпиша меморандумот за соработка со ВМРО – ДПМНЕ. За вакво вртење на курсот и занемарување на заложбите на синдикатот да ги штити правата на работниците,…

Read More

Петнаесетмина судии од Основниот суд Скопје 1 го кренаа гласот против, како што велат, злоупотребата на судот од страна на Владимир Панчевски, претседател на Кривичниот суд, пренесува „Фокус“. „Петнаесетина судии му кажаа не на Панчевски, му пратија порака дека Основиот суд не е приватен суд, туку дека е во функција на граѓаните и поради тоа тој не смее да го користи судот за лична пресметка со колегите“, велат засегнатите судии кои за сторените злоупотреби на Панчевски решиле да го информираат Судскиот совет и Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија. Судиите, според Фокус,…

Read More

Државната изборна комисија ги отфрли кандидатските листи поднесени од Социјадемократската партија на Македонија на кои имаше носители со имиња и презимиња слични или исти како носителите од СДСМ. Сите девет членови гласаа листите да не бидат прифатени. Комисијата констатираше голем број нерегуларности кај листите поднесени од СДПМ. Во шесте листи не биле наведени датуми за кои избори се однесуваат кандидатурите, потписите на кандидатите во изјавите и во личните карти не се совпаѓале и кандидат предложен за една изборна единица во изјавата стоел во друга изборна единица. Членот на ДИК, Игор Милев, побара да биде покрената кривична пријава против Бранко Јаневски.

Read More

Бугарскиот премиер Бојко Борисов поднесе оставка, затоа што неговата партија претрпе тежок пораз во вториот круг од претседателските избори, со што е отворен патот за вонредни парламентарни избори. Според официјалните податоци, за шеф на државата е избран поранешниот командант на военото воздухопловство, Румен Радев, кој ја имаше поддршката од социјалистите. „Ја прифаќаме волјата на народот и им честитаме на оние кои имаат поддршка од поголемиот дел од избирачите“, изјави Борисов, чија партија победи на сите избори одржани во изминатата деценија. Радев освои повеќе од 59 отсто од гласовите, во однос на 36 отсто колку што имаше кандидатот од десниот центар,…

Read More

Членките на коалициската влада на германската канцеларка Ангела Меркел постигнаа договор, актуелниот шеф на дипломатијата, социјалдемократот Франк-Валтер Штајнмаер да биде нивниот кандидат за иден претседател на Германија. Вицеканцеларот Зигман Габриел, шефот на Социјалдемократската партија, им потврди на новинарите дека е постигнат политички договор. Со тој договор практично е загарантиран изборот на Штајнмаер на функцијата претседател. Шеесетгодишниот Штајнмаер, според анкетите, е најпопуларна личност во Германија. „Во ова време на криза во светот тој направи се што е можно за нашата земја и за Европа и ги промовираше мирот и безбедноста“, рече Габриел во обраќањето пред новинарите во Берлин и додаде дека…

Read More