Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
- Цената на нафтата паѓа
- ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
- Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
- Италија го менува својот изборен систем
- Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
- „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
- УХМР со временска најава за продолжениот викенд
- Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Автор: Томислав Кежаровски
Соединетите Арапски Емирати, стратешките сојузници на Вашингтон, побараа од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да усвои „сеопфатна стратегија“ за решавање на разни судири на Блискиот исток. „Значењето и влијанието на Вашингтон за нас е поважен од кога и да е“, изјави шефот на дипломатијата на САЕ, Анвар Гаргаш и додаде дека е неопходна сеопфатна стратегија за решавање на регионалните прашања на Блискиот исток отколку „изразување на неодредени ставови“ за тоа. Според неговите зборови, ангажирањето на САД во регионот се гледа како нешто позитивно, додека нивното повлекување би било контра-продуктивно. Односите меѓу САД и заливските земји се значајно заладени откако американскиот…
Црниот дроб е „најактивен“ орган во човечкиот организам. Одговорен е за варењето и снабдувањето на крвта со нутриенти, за разградување на масти и неутрализирање на сите штетни материи… Тие бројни оптеретувачки улоги повремено бараат и негово чистење. Народната медицина нуди едноставни рецепти под услов црниот дроб да е здрав. Чистењето не е добро единствено ако во црниот дроб и во жолчното ќесе има каменчиња, ако лицето има дијабетис, настинка, грип и други заразни болести, ако чувствува општа слабост или му се влошува некоја од хроничните болести. Исто ова се однесува и на лицата кои се под стрес, трудниците и мајките…
Меѓународен тим на археолози во Црно море откри остатоци од 40 бродови од кои некои се стари повеќе од 1.000 години, што фрла ново светло на средновековните трговски патишта и држави. Бродовите лежат во бугарските територијални води, на длабочина од околу 800 метри, а нивните јарболи, дрвените конструкции и други делови одлично се сочувани во ледените длабочини поради недостатокот на кислород. Екипата истражувачи оваа есен спуштија робот кој направи илјадници фотографии со висока резолуција од остатоците на тие бродови. Компјутерот после тоа ги спои фотографиите во една детална целина. Археолозите претпоставуваат дека дел од бродовите припаѓаат на венецијанската трговска флота…
Поранешниот генерал Румен Радев освои поголем дел од гласовите во вториот круг од претседателските избори во Бугарија. Кандидатот на владеачката партија, Цецка Цачева, го призна поразот и му ја честиташе победата на кандидатот на социјалистите Румен Радев. „Сакам на господинот Радев да му ја честитам победата. Исто така, сакам да се заблагодарам на сите кои ме поддржуваа во текот на кампањата“, изјави Цачева напоменувајќи дека дел од вината за поразот на изборите лежи во неа самата. Таа рече дека е подготвена да понуди оставка од функцијата претседател на собранието, како и дека во потполност ќе го напушти парламентот. Агенцијата Ројтерс…
Купувачите во Кина во петокот потрошија повеќе од 13 милијарди долари на интернет, искористувајќи ги попустите што се нуделе на таканаречениот Ден на самците, празник кој го креирале трговците за да ги привлечат самците да се утешат со купување како терапија. За само 24 часа, продажбата на интернет во Кина го надмина прометот остварен во текот на потрошувачката грозница во САД која трае пет дена, од Денот на благодарноста до Сајбер понеделник, пренесува Франс прес. Годинешниов бруто обем на продажбата, како клучно мерило на онлајн продажбата, ја претекна минатогодишната интернет продажба во Кина од 91,2 милијарди јуани (13,4 милијарди долари),…
Шпански археолози пронајдоа мумија во добра состојба во една гробница кај Луксор на југот на Египет, соопшти египетското Министерство за антиквитети. Мумијата е пронајдена во близина на храмот кој го изградил фараонот 18 од династијата Тутмозис Трети (1479-1425 п.н.е.) на западниот брег на Луксор. „Мумијата е многу убава, прекриена е со слоеви на платно и гипс. Таа е во добра состојба“, се наведува во соопштението. Тие посмртни остатоци се пронајдени во дрвен саркофаг и се претпоставува дека е во прашање благородникот Аменренеф, кој ја имал титулата „слуга на кралското семејство“. Луксор, градот на југот на Египет, е познат по многубројните…
Две лица настрадаа во силниот земјотрес на Нов Зеланд и предизвика цунами чии бранови го погодија брегот на Јужниот остров. Службите за цивилна заштита им наредија на жителите крај источното крајбрежје на земјата да се преместат во подрачја со повисока надморска висина. Земјотресот чија јачина била со магнитуда од 7,8, меѓу саботата и неделата, околу полноќ по локално време, ја погоди областа во близина на градот Крајстчерч, на Јужниот остров. Потресот предизвика штета и во престолнината Велингтон, град повеќе од 200 километри оддалечен од епицентарот, а информација за поголеми штети и повеќе жртви во самиот Крајстчерч сеуште нема, јавува агенцијата…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе протера околу три милиони илегални мигранти, во интервју за американската телевизиска мрежа Си-Би-Ес (CBS) која емитуваше делови од неговата изјава дадена во петокот. „Еве што ќе сториме. Сите оние кои се криминалци, имаат полициско досие, кои припаѓаат на некои банди, кои се шверцери на дрога, а верувам дека ги има два, а можеби и три милиони, ќе бидат вратени во своите земји или ќе бидат пратени во затвор. Ќе ги протераме од нашата држава затоа што тука престојуваат илегално“, рекол Трамп во емисијата „60 минути“. Трамп, кој се врати на својата тврда…
Белград и Приштина постигнаа договор за телекомуникациите кои вклучува и непречена работа на „Телеком на Србија“ на Косово. Имотот на „Телеком“, зградите, продажниот простор, базните станици и се друго, се пренесува на „МТС доо“, ќерка фирма на „Телеком“ на Косово. Договорот го осигурува трицифрениот повикувачки број за географската област Косово којшто ќе го побара Србија, додека повиците меѓу местата во централна Србија и оние на Косово ќе бидат третирани како меѓуградски. Сигналот на „Телеком Србија“ ќе може да се фаќа таму каде што и сега може да се фати, а за две години ќе биде распишан тендер за сите мобилни…
До полноќ, кога заврши рокот, листи за изборите на 11 следниот месец, поднесоа коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, опозициската коалиција предводена од СДСМ, Коалицијата за промени и правда, Коалицијата ВМРО за Македонија, партииите ДУИ, ДПА, ПДП, ЛП, Левица,СДПМ и Беса и НДМ. Носител во првата изборна единица на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ е Никола Поповски, во втората Никола Тодоров, а во третата Илија Димовски. Во четвртата изборна единица предводник е Никола Груевски, Антонио Милошоски е прв во петтата, Влатко Ѓорчев во изборната единица шест, а во седмата изборна единица е Рамазан Ифтаровски. Коалицијата на СДСМ во првата ИЕ ја…













