Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
- Цената на нафтата паѓа
- ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
- Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
- Италија го менува својот изборен систем
- Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
- „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
- УХМР со временска најава за продолжениот викенд
- Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Автор: Томислав Кежаровски
Амбасадата на Русија во Дамаск во средата била цел на жесток артилериски ракетен напад. Нападот траел два часа и во него, за среќа, нема настрадани. Руската амбасада била гаѓана со минофрлачи од територијата на дисктриктот Џобар, којшто е под контрола на екстремисти, се наведува во соопштението на министерството за надворешни работи на Русија. Министерството остро го осуди нападот. Ова е втор атак во последниот месец на овој објект.
Владата на Германија подготвува нешто што река луѓе од државите надвор од Европската унија тешко ќе го сварат. Ако помине законот, дојденците ќе мора пет години да чекаат за социјална помош. Противниците на ваквата иницијатива тврдат дека новиот пропис е спротивен на Уставот. Властите во Берлин одлучиле да стават точка на, како што викаат, „социјалниот туризам“. Се повеќе има такви кои во Германија доаѓаат на повик на роднини и пријатели, поминуваат кај нив шест месеци и, иако ниту ден стаж немаат во оваа држава, поднесуваат барање за социјална помош и без проблеми ја добиваат. Кабинетот на канцеларката Ангела Меркел во…
Силите за безбедност во Индија донесоа одлука да му ги потсечат крилата на гулаб „осомничен за шпионажа“. Птицата, според полициските соопштенија, која долетала од Пакистан е казнета за да не може да се врати назад. Индиските граничари сивиот гулаб го „уапсија“ минатата недела, на 2 октомври, откако, наводно, на неговата нога нашле писмо со заканувачка порака, напишано на Урду јазикот, и адресирано до премиерот на Индија, Нарендар Моди. „Моди, не сме ист народ од 1971 година. Сега секое дете е подготвено да се бори“, пишувало во пораката. Пердувестиот „осомничен шпион“ е фатен и сместен во кафез, откако слетал во индиското…
Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека околу 21 часот во Белград, во престрелка е убиено 29 годишно момче, а додека едно лице е рането. Медиумите во Србија информираат дека во вооружениот инцидент е убиен Александар Станковиќ, водач на навивачите на Партизан. Ранетиот е извесен М.Ѓ., чувар во белградскиот Централен затвор. Неофицијално, од возило во движење од автоматско оружје било стрелано во два автомобила, на крстосницата на улиците „Бачванска“ и „Господар Вучиќ“, недалеку од капијата на Централниот затвор. Станковиќ бил во првото возило, „ауди“ со белградски регистерски таблички, а пак М.Ѓ. бил во второто. За сега не е познато…
Врховниот суд во Лондон почна расправа за жалба поради одлуката на премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, да го почне излегувањето од ЕУ без изјаснување на Парламентот. Неколку десетици поддржувачи и противници на Брегзит се собраа пред зградата на Судот. Некои од нив носеа пароли со кои им порачуваат на британските власти веднаш да почнат процедура за излегување, а други носеа знамиња на ЕУ. Процесот се однесува на едно од најважните уставни прашања на оваа генерација, а тоа е дали британската премиерка може да го активира членот 50 од Лисабонскиот договор со кој се регулира излегувањето од Унијата, без одобрување…
Швајцарските власти на аеродромот во Женева, поради бомбашки закани, евакуираа патници од авион на руската компанија „Аерофлот“ којшто се подготвувал за лет за Москва. Обвинителството во Женева соопшти дека, околу 13 часот, маж ги инаформирал безбедносните служби на аеродромот дека во авионот се наоѓа бомба. Лицето кое кажало дека во авионот има бомба е уапсено. Се вршат безбедносни проверки на леталото.
Плакати против мигранти почнаа да се појавуваат на повеќе јавни места во Безје, градот каде што француската влада планира да изгради центар за мигранти. Оваа иницијатива која ја покренал градоначалникот Роберт Менард предизвика негодување на јавното мислење, а властите покренале истрага за овој случај. „Владината комисија против расизмот и антисемитизмот ќе испрати своја делегација во Безје за да ја процени ситуацијата и да одлучи дали овие плакати сугерираат расизам или некоја друга дискриминација“, соопштено е од канцеларијата на главниот обвинител во Безје. На плакатите се прикажува група црни и црномурести луѓе со бради и качулки на главите пред катедралата во…
Дваесет и двегодишниот Сириец Џабер Албакр, обвинет дека планира да изврши терористички акции во Германија, се обеси во затворот во Лајпциг. Албакр кој што пред една година доби азил самоубиството го извршил и покрај зачестениот надзор. Неговата смрт ја отежнува истрагата за откривање на евентуални соучесници во плановите за бомбашки напади. Осомничениот беше уапсен во Лајпциг, два дена после неговото бегство од станот во Хемниц каде што престојувал. Неговата смрт сега покрена лавина реакции за условите под кои бил чуван во затворот. Началникот на затворот, Ралф Јакоб, рекол дека лекарскиот тим којшто го прегледал Сириецот кога бил доведен во затвор…
Припадниците на Боко Харам ослободија 21 ученичка, кои се дел од оние кои во 2014 година беа киднапирани од градот Чибок во Нигерија, јавува агенцијата Анадолу. Портпаролот на Претседателството Малам Гарба Шеху, преку социјалните мрежи изјави дека ослободените 21 ученичка се под контрола на разузнавачката служба на Нигерија. Шеху за 21 ученичка, кои се дел од 200 ученички киднапирани од страна на Боко Харам, рече дека се на слобода благодарение на преговорите кои ги водат меѓународниот Црвен крст и швајцарската влада. Шеху истакна дека продолжуваат преговорите за ослободување и на преостанатите ученички. На североистокот од Нигерија, во градот Чибок кој…
Случувањата во Сирија предизвикуваат реакција во Европската унија и најава на нов сет „казнени мерки“. Шефовите на дипломатиите на државите од ЕУ во понеделник ќе имаат расправа за „разгорувањето на судирите во Сирија, вклучувајќи го и заострувањето на судирите околу Алепо“, велат лица од држави членки на ЕУ. Дипломатски извори наведуваат дека не е исклучено да се разгледува и барањето на некои членки на ЕУ, на Сирија, а и на Русија, да им се воведат санкции поради страдањето на цивили. „Расправата ќе биде само за тоа како да се зачува просторот за политичко решение на сирискиот судир и ќе биде…













