Автор: Томислав Кежаровски

Претседателот на САД, Барак Обама, изјави дека една од главните цели на американската вселенска програма до 2030 година ќе биде пренос на луѓе на планетата Марс и нивно безбедно враќање назад и вети дека во следните две години приватните компании ќе можат да праќаат астронаути во Меѓународната вселенска станица. „Поставивме јасни цели за следното поглавје на американската вселенска приказна, а тоа е дека до 2030 година ќе испраќаме луѓе на Марс и ќе ги враќаме назад, како и дека еден ден ќе биде возможен подолг престој таму, на таа планета“, напиша Обама во текстот за порталот на телевизиската мрежа Си-Ен-Ен.…

Read More

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година се пласира на Европското првенство што следната година ќе се одржи во Полска. Вечерва нашите млади фудбалери славеа над Шкотска со 2:0. Головите ги постигнаа Кире Маркоски во 19, Енис Барди во 22 минута. На рака на Македонија и одеше победата на Украина на гостински терен против Исланд од 3:2.

Read More

На ликовниот уметник Благоја Маневски, писателот Раим Ганији, пијанистката Елена Мисиркова и актерот Атила Клинче денеска во Собранието на Република Македонија им беше врачена државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста за 2016 година. Таа е највисоко признание за животно делово областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејностиод јавен интерес на Република Македонија. Наградите ги врачи претседателот на Одборот, академик Митко Манџуков.

Read More

Во комплексот згради на „Европа центар“ во Берлин денес избил пожар. На местото на настанот стигнале противпожарни екипи и служба на Итната медицинска помош. Вработените во центарот се веднаш евакуирани. Огнот го зафатил покривот на зградата на трговскиот центар во тој комплекс, а чадот можел да се види од голема одалеченост. За околу час – час и половина пожарот е ставен под контрола и нема информации дека има повредени. Пожарникарите не објавија што е причината за пожарот. Тој деловен центар е едно од најпрепознатливите места во Берлин. Станува збор за зграда која е градена во 60-тите години од минатиот век…

Read More

Претседателот на српската влада, Александар Вучиќ, изјави дека Владата одлучила да ги поништи правните последици од сите акти и дејствија на Приштина кои се однесуваат на Рударско-металуршкиот комбинат „Трепча“. Тој на конференција за новинарите рече дека Владата на денешната седница „во најголем дел“ го прифатила предлогот на својата Канцеларија за Косово и Метохија и донела „одлука за поништување на сите правни акти и работи на привремените институции во Приштина, а се однесуваат за Трепча“. Вучиќ, патем, додаде дека „Трепча“ е од витално значење за опстанокот на северот на Косово и дека не разбира зошто Албанците го сториле тоа и што…

Read More

Во присуство на претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган потпишана е спогодбата за реализација на гасоводот „Турски тек“, кој со еден дел ќе поминува по дното на Црно море. Договорот го ратификуваа министрите за енергетика на двете држави. Потпишувањето на спогодбата следеше после билатералната средба на двајцата претседатели кои присуствуваа на Светскиот конгрес за енергетика во Истанбул. Во текот на церемонијата, Ердоган рече дека министри и експерти ќе ги продолжат договорите. Руската компанија „Гаспром“ и турскиот „Ботас“ во 2014 година потпишаа меморандум за разбирање за изградба на „Турски тек“, со капацитет од 63 милијарди кубни…

Read More

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ги повика земјите кои учествуваат на Светскиот конгрес за енергетика во Истанбул, да ги соединат напорите поради воспоставување на мирот во Сирија и Ирак. Укажувајќи дека мотото на Конгресот е „Повик за мир“, Ердоган реше дека е неопходно на најдобар можен начин да се вложат напори за мир на Блискиот Исток. „Ве повикувам, ценети учесници, да ги соединиме напорите за воспоставување на траен мир во Сирија и Ирак“, истакна Ердоган, пренесе агенцијата Тасс. Ердоган се заложил и за обезбедување на непречено доставување на хуманитарна помош во Сирија. На Конгресот се обрати и рускиот претседател…

Read More

Откако Гонзало Игуаин дојде во Јувентус, Марио Манџукиќ има се помала минутажа. Фактот дека тренерот Масимилијано Алегри во стартните единаесет повеќе го одбира Дибало отколку него, е мотив повеќе хрватскиот напаѓач се почесто да размислува за заминување. Според пишувањето на торинскиот весник „Ла Стампа“ кинескиот Шангај Шенхуа подготвил четиригодишен договор вреден 32 милиони евра. Ако дојде до трансферот Манџукиќ би им се придружил на Обафеми Мартинс, Фреди Гуарини и на Ба, додека во кинеската лига веќе играат Хулк, Лавеци, Рамирез …

Read More

Обединетите нации им апелираа на донаторите дека е неопходно да се соберат 119 милиони долари помош за Хаити, потребни за санирање на штетите од ураганот Метју. Помошта е неопходна за храна, вода за пиење и засолништа за илјадници жители на островската земја. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун изјави дека организацијата се мобилизираше на сите фронтови за да се собере неопходната помош. „Некои градови и села практично се збришани од картата. Веќе не постојат“, рече Бан Ки Мун. Тој предупреди дека тензиите растат додека луѓето чекаат помош. „Потребен е одговор од голем обем. Тимовите на ОН работат со локалните…

Read More

Претседателот на Филипини, Родриго Дутерте, во предизборната кампања вети дека беспоштедно ќе ги убие сите кои имаат врска со дрога. Според извештаите, за три месеци се убиени 3.700 лица, а 26 илјади се уапсени. Неколку илјади сами дошле во полициска станица да се пријават од страв дека ќе бидат убиени на улица или во своите домови, пренесуваат хрватски „Дневник“. Во војната со нарко-мафијата Родриго Дутерте не штеди никој – ангажирани се убијци на мотори, ескадрони на смртта кои формално не постојат, но се знае дека се под ингеренција на претседателот, или работите ги решава полицијата. Дрогата е голем проблем на…

Read More