Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
- Цената на нафтата паѓа
- ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
- Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
- Италија го менува својот изборен систем
- Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
- „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
- УХМР со временска најава за продолжениот викенд
- Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Автор: Томислав Кежаровски
Полицијата во Германија сеуште трага по Јабер Албакр, дваесет и двегодишно момче од сириско потекло, во чиј стан во Кемниц беа пронајдени неколку стотици грама експлозив. Постојат сомненија дека Албакар планирал бомбашки напади, а информациите стигнале од разузнавачките служби, заради што извесно време бил надгледуван. Сепак, успеал да побегне. За откривање на неговото засолниште можеби ќе помогнат тројцата уапсени кои се поврзуваат со одметнатото момче. Сите тие се поврзани со екстремни исламистички кругови. Албакр во Германија стигнал минатата година од Дамаск, кога во таа земја влегле околу 890 илјади мигранти и нему му бил одобрен азил. Германските медиуми јавуваат дека…
Резултатите од анализите од неодамна направени сателитски снимки предизвикуваат загриженост дека Северна Кореја подготвува нов нуклеарен тест или лансирање на далекуцелни ракети, предупредија денес експерти од американско-корејскиот институт „Џон Хопкинс“. Шпекулациите дека Пјонгјанг подготвува лансирање поврзано е со утрешната прослава од основањето на Работничката партија на Северна Кореја. Поранешните нуклеарни или ракетни проби често се правени на клучни политички датуми во државата. Петтата нуклеарна проба минатиот месец е направена на годишнината од оснивањето на Република Северна Кореја. Последните сателитски снимки се од 1 октомври и на нив се гледаат сандаци на лансирни места, веднаш до ракетните рампи и возила крај…
Две лица се убиени, а најмалку шест се повредени во денешниот вооружен инцидент во Ерусалим. Инцидентот се случи во близина на седиштето на израелската полиција. Напаѓачот, идентификуван како 39-годишен Палестинец од источен Ерусалим, според информациите, почнал да пука од својот автомобил во толпа луѓе што чекале трамвај. Веднаш потоа тој избегал. Убиен е во престрелка со полицијата на околу еден километар од местото на настанот. Во нападот се убиени една шеесетгодишна жена и полициски службеник, а ранети се шест лица кои се пренесени в болница и задржани на лекување. Полицијата го квалификуваше денешниот инцидент како терористички напад и отвори истрага.…
Владата на Етиопија денес прогласи вонредна состојба која стапува на сила веднаш. Причина за тоа се насилствата што се случија во текот на неделава на антивладините протести ширум земјата во кои имаше жртви и материјална штета, најповеќе во регионот Оромија. Советот на министри донесе одлука за вонредна состојба и пораката му ја достави на премиерот Хајлемариам Десален. Големите градови во регионот Оромија се соочуваат со немири и насилни протести откако на 2-ри октомври загинаа повеќе десетици луѓе во панично бегство кога полицијата се обиде да ги разбие антивладините протести за време на големиот верски фестивал во Бишофт.
Возачот на Мерцедес, Нико Розберг, победи во трката во Формула 1 шампионатот за Големата награда на Јапонија и го зголеми водството на 33 бодови пред клупскиот колега Луис Хамилтон. Розберг ја оствари деветтата победа во сезонава, 23 во кариерата, а прва на патеката Сузука во Јапонија. Тој оствари резултат од еден час, 26 минути и 43 секунди. После летната пауза, Розберг триумфираше на четири од досега извозени пет трки. Второто место денес го освои Макс Верстапен од Ред Бул, а трет низ целта помина Хамилтон. Возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен, беа на петтото односно шестото место, а…
Најголемиот дневен весник на унгарската опозиција, „Непсабадшаг“, од денес не излегува што предизвика загриженост за слободата на печатот во владеењето на Виктор Орбан. Социјалистичката опозиција запирањето на печатењето на весникот и затворањето на неговите страници на интернет го нарече „црн ден за печатот“ и повика на демонстрации. Групацијата „Медиаворкс“ во соопштението кое го пренесе агенцијата МТИ наведува дека издавањето на весникот е запрено од економски причини, времено, „до утврдување и спроведување на нов концепт“. Настанат пред шеесет години, „Непсабадшаг“, што во превод значи „Слободен народ“, имаше најголем тираж во Унгарија и остро ги критикуваше премиерот и неговата политика против мигрантите.…
Возејќи автомобил, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес прв помина низ новиот тунел долг повеќе километри, кој под Босфорскиот теснец ги поврзува европскиот и азискиот дел. „Новиот тунел, чија изградба почна во февруари 2011 година и којшто преминот од едниот на другиот брег на Истанбул ќе го скрати за неколку минути, ќе биде отворен „за јавност“ на 20 декември“, рече турскиот претседател во говорот на националната телевизија. Претходно, Ердоган во придружба на премиерот Бинали Јилдирим и министерот за сообраќај Ахмет Арслан, два пати помина низ тунелот „Евроазија“, од азиската страна на европската и назад, возејќи ги во „мерцедес“. „Од 29…
„Ролинг Стонси“, кои на почетокот на шеесетите години почнаа со обработки на американски блуз изведувачи, на 2 декември ќе го издадат „Blue & Lonesome“, својот прв студиски албум по повеќе од 10 години пауза. Великаните на рокот соопштија дека албумот го снимиле за три дена, без дополнителни снимки, во студио во Лондон. На две од 12 песни свири и гитаристот Ерик Клептон, исто така познат по своите блуз мизучки корени. „Стонси“ на почетокот на својата кариера свиреа обработки на хитовите на Џими Рид, Вили Диксон, Литл Волтер и други американски музичари. После групата разви сопствен стил со авторските песни на…
Естонија и Полска изразија денес загриженост поради одлуката на Русија да ги премести балистичките ракети „Искандер“, кои можат да носат нуклеарни боеви глави, во Калининградската област на Балтичко море. Москва соопшти дека ракетите се разместуваат во рамки на редовни воени маневри во Калининград. „Мене ми изгледа дека ова е уште еден чекор во општиот контекст на ескалацијата која ја гледаме, барем во реториката“, изјавил претседателот на Естонија, Томас Хендрик Илвес, пренесува естонската телевизија ЕРР. Началникот на генералштабот на естонските одбранбени сили, генерал потполковникот Риухо Терас, изјавил дека тоа е дел од широкиот обид на Русија да доминира со Балтичкото море.…
На Хаити сеуште не го знаат точниот број на жртви од ураганот Метју кој пред три дена ја погоди оваа островска земја. Некои подрачја таму сеуште се отсечени и не се достапни. Бројот на настрадани во САД се зголеми на 10. Властите денес соопштија дека бројот на настрадани од ураганот на Хаити е 336, но според пишувањето на светските медиуми тој број е речиси три пати повеќе.













