Автор: Томислав Кежаровски

Грбот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, кој се наоѓа на влезот во зградата на поранешното Министерство за внатрешни работи во улицата Кнез Милош во Белград, ќе биде сочуван. Овој објект, уништен во бомбардирањето во 1999 година, наскоро би требало да биде срушен, а грбот на СФРЈ вграден во фасадата на една од новите згради кои ќе бидат тука изградени и на тој начин сочувани и спомените на ова монументално здание. Градските власти во српската престолнина не сакале обележјето на старата држава да исчезне и барале начин „факелите“ да ги сочуваат од заборавот. Затоа првите луѓе на Белград со месеци преговарале…

Read More

Германската полиција привела три лица поврзани со Сириецот осомничен за планирање на бомбашки напад во Хемниц, а во станот што го пребарувала пронашла експлозив. Портпаролот на полицијата во Саксонија, Том Бернарт, им изјави денес за новинарите дека експлозивот бил „релативно добро сокриен“ во станот, во кој денес околу пладне била извршена рација. Полицијата и понатаму трага по 22-годишниот Џабер Ал бакар од Дамаск. Двете лица кои го познавале Ал Бакар се уапсени на железничката станица во Хемниц, а третото лице е уапсено во центарот на градот, изјавил Бернарт. Во тек е нивно сослушување, а од полицијата се надеваат дека ќе…

Read More

Авионот на германската авиокомпанија „Герман вингс“ денес принудно слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Според неофицијални информации, авионот слетал поради чад во кокпитот. Причината за тоа е, наводно, проблеми со вентилаторот на системот за вентилација. -Авион со 149 патници и пет шленови на екипажот на германската компанија „Герман вингс“ кој сообраќал на линијата Родос-Келн, непланирано слета на белградскиот аеродром денес околу 10.30 часот поради чад во кокпитот, потврдуваат на аеродромот „Никола Тесла“. Веднаш по слетувањето на лице место излегле надлежните аеродромски служби, вклучувајќи и противпожарна екипа, кои по деталниот преглед на леталото утврдиле дека нема пожар.

Read More

Французите денес протестираа во неколку градови поради доаѓањето на мигранти од бегалскиот логор во пристаништето Кале, којшто владата планира да го затвори. Градоначалникот на Пјерфе, на југоистокот на Франција, предводеше неколку стотици луѓе поради одлуката на власта да смести мигранти во напуштеното крило на психијатриската болница додека чекаат одговори на нивните барања за азил. Жителите на Пјерфе стравуваат дека дојденците можат да ја загрозат нивната безбедност, како и поради можните тензии со панциентите во болницата. Владата планира во тоа место со 6.000 жители да испрати 60 мигранти. Од друга страна, левичарските активисти одржаа мал собир за да им посакаат добредојде…

Read More

Сирискиот пратеник од џихадистичката група Исламска држава (ДАЕШ) е еден од шесте терористи убиени во Република Ингушетија, во Северен Кавказ, соопштува рускиот антитерористички одбор. Во антитерористичката акција нема загинати цивили, ниту припадници на специјалната полиција. Припадниците на специјалните полициски сили ликвидираа четири терористи во градот Назран, а уште двајца во Газа-Јурта. Според првичните информации, пратеникот на ДАЕШ, Забајри Саутјев, којшто стигнал од Русија за да ги продолжи терористичките активности во земјата, е еден од неутрализираните криминалци, се наведува во соопштението. На местото на вооружениот судир е откриен магацин со оружје, муниција и експлозив и два самоубиствени елеци, се додава во…

Read More

Околу 130 мигранти се спасени денес близу западниот грчки брег, откако од бродот со кој пловеле упатиле повик за помош после крајно лошите временски услови во текот на ноќта, соопшти крајбрежната стража. Бродот стаса во западното грчко пристаниште Метони, на Пелопонез, со помош на локалната полиција, а сите патници се на безбедно. На бродот имало 130 мигранти, чија националност сеуште не е позната, пренесува АФП. Мигрантите изјавиле дека се упатиле кон Италија. Атинската новинска агенција пренесува дека петмина мигранти успеале самостојно да стасаат до брегот на Грција.

Read More

Безбедносните сили на Бангладеш денес убија најмалку 11 осомничени екстремисти во три одвоени рации. Според зборовите на официјални лица од полицијата, тие биле членови на екстремистичката група „Џаматул Муџахедин Бангладеш“ (ЏМБ), која е забранета во Бангладеш. Владата на Бангладеш ја обвини ЏМБ за напад на ресторан во главниот град Дака, во кој беа убиени повеќе од 20 лица, иако екстремистичката организација Исламска држава ја превзеде одговорноста на тоа насилство.

Read More

Полицијата во германската покраина Саксонија интензивно трага по Џабер Ал Бакр, Сириец, роден 1994 година, осомничен за подготвување на бомбашки напад во градот Кемниц на истокот на земјата. Агенцијата ДПА пренесува дека полицијата спровела рација во зграда во Кемниц после добиена информација дека некој можеби планира бомбашки напад. Бил извршен претрес во стан, а после тоа биле евакуирани станарите од зградата, но и оние од соседните куќи. Во текот на претресот, според истите извори, не бил пронајден осомничениот за подготвување напад, ниту бомба, но биле откриени траги од експлозив. Германија во јули годинава беше цел на два напади за кои…

Read More

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави денес дека Русија и Сирија мораат да се соочат со истрага за воени злосторства поради напад врз сириски цивили. Кери рече дека најмалку 20 луѓе загинале, а повеќе од 100 се ранети во четвртокот ноќта кога сириските сили бомбардирале уште една болница. Според неговите зборови, Русија и Сирија им должат на светот „повеќе од објаснување“ за бомбардирањето на болници, жени и деца. „За таквите потези потребни се адекватни истраги, истраги за воени злосторства“, рекол Кери. Тој, исто така, навел дека такви напади не можат да се сметаат за случајности, наведува агенцијата АП. На крајот,…

Read More

Три лица од Либерија се потешко повредени во расистички мотивиран напад на истокот на Германија. Полицијата во покраината Саксонија-Анхалт соопшти дека жртви на нападот се маж од Либерија, неговата партнерка и нејзиниот внук. Двајца мажи во четвртокот ноќта заѕвониле на вратата од станот на Либериецот во Мерсебург. Тие вооружени со бејзбол палки го нападнале 44-годишниот маж и 47-годишна жена. Во инцидентот е повредено и петгодишно дете. Напаѓачите си заминале но едниот од нив се вратил по доаѓањето на полицијата, извикувајќи расистички пароли. Полицијата после тоа го пронашла и вториот напаѓач. Уапсените, според информации од локалната полиција, се од Марсебург и…

Read More