Автор: Томислав Кежаровски

Летниот преоден рок одамна заврши, а во него се случија многу работи. Во прв план на јулската шопинг грозница беа рекордниот трансфер на Пoл Погба од Јувентус во Манчестер јунајтед, како и доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ во истиот клуб, и преселувањето на Гонзало Игуаин од Наполи во Јувентус. Сепак, имало и такви работи кои не се случија, а можеа да го потресат фудбалскиот пазар. Во таквите спаѓа Јан Облак. За словенскиот голман неименуван клуб од англиската Премиер лига понудил 75 милиони евра, но Атлетико ја одбил понудата затоа што инсистирал на тоа клубот што сака да го има Облак во…

Read More

Прв пат во историјата на фудбалот на еден натпревар е покажан зелен картон. Жолтиот и црвениот претставуваат опомена и казна за играчите, додека зелениот картон, воведен во италијанската Серија Б, е награда. Имено, зелен картон од судијата ќе добие играч кој во текот на натпреварот ќе покаже фер-плеј, а првиот фудбалер што доби е Кристиан Галано од Виченца. Тој во текот на натпреварот против Виртус Ентеле призна дека помошниот судија погрешил кога досудил корнер за неговата екипа. „Нашиот играч покажа прави вредности во италијанскиот фудбал и во Серија Б. Сакаме такво првенство, чесно, и ова е најдобар пат кон нашата…

Read More

Абу Фараџ ал Масри, еден од истакнатите египетски членови на Ал каеда, убиен е во напад со беспилотно летало во сириската провинција Идлиб, изјавиле извори од џихадистите. Масри, којшто се бореше во Авганистан, убиен е кога неидентификуван дрон го погодил возилото во кое бил близу местото Џиср ал Шукур, на северозапад на Сирија. Сириската опсерваторија за човекови права потврдила дека Масри бил цел на напад со беспилотно летало, но не и дека е убиен. Покрај Масри, во воздушниот напад во Сирија убиен е уште еден висок командант на екстремистичката организација, човек од доверба на лидерот на Ал каеда Ајман ел…

Read More

Хамас остро го критикуваше палестинскиот претседател Махмуд Абас затоа што присуствувал на погребот на поранешниот претседател на Израел, Шимон Перес, означувајќи го како Евреин, со порака дека би требало „да му се придружи на Перес во пеколот“. „Тој човек кој тврди дека го претставува палестинското јавно мислење по верските стандарди е Евреин. По милионити пат: Тој не не претставува нас, тој е креација на Израел“, изјави Махмуд ал-Захар. Абас, водачот на секуларниот Фатах, во петокот присуствуваше на погребот на Перес во Ерусалим, на чело на делегацијата составена од тројца официјални лица од палестинската управа, вклучувајќи го некогаш главниот преговарач со…

Read More

Британската фунта вчера падна на тригодишниот минимум спрема еврото по веста дека Британија до март 2017 година ќе ги отвори преговорите за Брегзит, но затоа, пак, добиените податоци во британскиот преработувачки сектор, подобри од очекуваните, влијаеа на скокот на главниот индекс на Лондонската берза. Лондонскиот индекс ФТСЕ 100 во попладневните часови зајакна за 1,1 отсто, на 6.974,61 поен, додека акциите на останатите европски берзи главно паднаа, пренесува агенцијата Франс прес. Парискиот индекс КАК 40 падна за 0,1 отсто, на 4.443,44 поени, Еуро Стокс 50 ослабе за 0,2 отсто, на 2.995,10 поени, додека Франкфуртската берза беше затворена поради државниот празник. Во…

Read More

Производствената активност на фабриките во САД забележа скромен раст во септември, после неочекуваниот пад еден месец пред тоа. Индексот на Институтот за управување со снабдувањето (ИСМ) порасна на 51,5 поени во септември од 49,4 колку што беа евидентирани во август, кога беше регистриран првиот пад во шесте месеци од годината, спофред показателите на оваа институција со седиште во Темпи, во Аризона, известува агенцијата „Блумберг“. Новите порачки и производството тргнаа минатиот месец во нагорна линија, што укажува на перспективите за постепено подобрување во целиот американски преработувачки амбиент. Индексот на ИСМ на нови порачки скокна за 55,1 поен во септември од августовските…

Read More

Почетокот на неделата донесе исклучително скромен обем на инвестициските активности на белградската берза, без промена на вредноста на БЕЛЕКС-15. Вкупниот промет во тргувањето изнесуваше 8,1 милион динари (околу 66 илјади евра). Индексот БЕЛЕКС-15 остана на ниво од 636,28 поени, а БЕЛЕКС-лајн забележа минимална негативна корекција од 0,04 отсто. Нафтената индустрија на Србија беше најпрометна акција со реализација од 2,7 милиони динари, по просечна цена од 600 динари, што претставува раст од 1,7 отсто во однос на тргувањето во петокот, минатата недела. Солиден промет од 2,5 милиони динари регистрираше и градежната компанија Енергопроект холдинг. Акциите на аеродромот „Никола Тесла“ бележат пад…

Read More

Јапонскиот молекуларен биолог Јошинори Охсуми е овогодишен добитник на Нобеловата награда за медицина, за истражувања на клучниот механизам за обнова на ќелиите, стареењето и реакцијата на организмот на глад и инфекции, соопшти жирито за доделување на оваа престижна награда. „Генетските мутации можат да предизвикаат заболувања, а процесот на автофагија е содржан во многу болести, како што се ракот и невролошките состојби“, се наведува во образложението на жири комисијата. Концептот е откриен во 60-те години од минатиот век, кога научниците го проучувале спојувањето на ќелиските компоненти и рециклирањето на настанатата содржина, истакнува Нобеловиот комитет на Институтот Каролинск кој ја додели наградата.…

Read More

Белата куќа изрази разочарување со одлуката на американскиот Врховен суд да не ги сослуша аргументите на администрацијата на претседателот Барак Обама во настојувањата да го спаси планот со кој милиони илегални емигранти би биле поштедени од депортација, пренесува Ројтерс. Според планот на Обама, околу четири милиони луѓе кои илегално живеат во САД најмалку од 2010 година, немаат криминално досие и имаат деца кои се американски државјани или имаат законско стално престојувалиште, би биле заштитени од депортирање и би добиле работни дозволи. Врховниот суд кон крајот на јуни годинава беше поделен на четири гласа „за“ и четири „против“, поради што на…

Read More

Најголемата холандска компанија за финансиски услуги ИНГ планира да затвори 7.000 работни места во Белгија и Холандија и да се фокусира на дигитални услуги. Раководството на холандската банка до 2021 година ќе отпушти 3.500 работници во Белгија и 2.300 во Холандија, се наведува во соопштението на таа компанија. ИНГ, исто така, планира да отпушти и илјада надворешни соработници. Истовремено е соопштено дека банката планира во следните пет години да вложи 800 милиони евра во дигитални иновации за да се подобри квалитетот на услугите. Најавените отпуштања би требало да донесат заштеда од близу 900 милиони евра до 2021 година. Новите инвестиции…

Read More