Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
- Цената на нафтата паѓа
- ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
- Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
- Италија го менува својот изборен систем
- Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
- „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
- УХМР со временска најава за продолжениот викенд
- Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Автор: Томислав Кежаровски
Фудбалерите на Манчестер јунајтед и Стоук одиграа нерешено 1:1 во натпревар од седмото коло од Премиер лигата. Јунајтед поведе со голот на Антонио Марсијал во 69 минута, а изедначувањето и еден бод за Стоук донесе Џо Ален со погодок во 82 минута. Екипата на Жозе Мурињо беше подобар противник целиот натпревар, напаѓаше и создаваше шанси, но не успеа да триумфира. Јунајтед во 89 минута можеше да дојде до трите бода, но Пол Погба погоди во стативата. Во следното коло, кое е на програмата за две недели, Јунајтед му гостува на Ливерпул на Енфилд, додека Стоук го дочекува Сандерленд.
Турската полиција денес го привела братот на имамот Фетулах Ѓулен, кој се товари за организирање на неуспешниот пуч со цел да се смени претседателот Реџеп Таип Ердоган, пренесуваат турски медиуми. Кутбетин Ѓулен полицијата го уапсила на основа на дојава во куќа на негов роднина во Газимир во западната провинција Измир, пренесува турска новинска агенција. Ова е прво апсење на роднини на Ѓулен од почетокот на апсењата после неуспешниот обид за државен удар, пренесува АФП.
Експлозија на сад за гас во кафетерија во Шпанија повреди 90 луѓе, од кои петмина се во тешка состојба. Експлозијата се случи вчераноќ во центарот на Велес, град со околу 30.000 жители на триесетина километри источно од Малага, на југот на Шпанија, додека поголема група луѓе го славеле локалниот празник. После експлозијата се случила паника затоа што многумина помислиле дека во тек е тероростички напад. Според информациите добиени од локалните медиуми, еден од вработените во кафетеријата видел оган над садот за гас и повикал, но немало време луѓето да побегнат пред да се случи експлозијата од која целосно е уништен…
Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, рече дека Вејн Руни ќе остане капитен и покрај тоа што времено не е во првиот тим. Руни остана на клупата на минатонеделниот натпревар против лестер, а не беше ниту во составот против Зорја, во четвртокот во Лига Европа. „Руни е капитен, без оглед на се. Не е важно дали е на теренот или на клупата. Тој е мојот капитен, тој е капитен на клубот, капитен на играчите. Тој разговара со соиграчите и ги мотивира. Тој е наш човек. Ќе постигнува голови за нас, напорно ќе работи во тоа воопшто не се сомневам, изјави…
Во Хаити почна евакуација на жители од загрозените подрачја во пресрет на ураганот Метју, еден од најсилните во Атлантикот. Метеоролозите проценуваат дека ветрот ќе достигне брзини и до 240 километри на час. Ветровите, наводно, ослабеле, но и понатаму можат да предизвикаат хаос во делови на Карибите. Жителите на Хаити собираат количини вода и храна, а надлежните повикуваат подготовките да се направат пред да биде доцна. Прогнозите се дека количините дожд можат да предизвикаат катастрофални поплави. Силните ветрови можат да ги загрозат главните туристички области на Јамајка. Најсилниот ураган во последните девет години ќе ги погоди Јамајка и Хаити во понеделник,…
Претседателот на Централната изборна комисија (ЦИК) на Босна и Херцеговина, Ахмет Шантиќ, изјави дека на денешните локални избори до 11 часот на изборните места дошле 506.327 избирачи, или 16,17 отсто од гласачкото тело. Шантиќ на првата конференција на ЦИК за новинарите рече дека утринава со закаснување биле отворени 19 избирачки места и дека имало приговори за партиски активности по социјалните мрежи за повикување на граѓаните да гласаат за одредени политички субјекти. Претседателот на ЦИК уште додаде дека не се забележани инцидинти на изборните места, ниту какви било безбедносни проблеми. Во Босна и Херцеговина денес се одржуваат локални избори на кои…
Минатата ноќ Израел ги затвори палестинските територии, Западниот брег и појасот Газа, пред еврејската Нова година која се слави до вторник. Палестинските територии ќе бидат затворени до вторник на полноќ, како што се очекува, а се зависи од проценката на состојбата, пренесуваат израелски медиуми. Војската соопшти дека исклучоци ќе има само за итни медицински и хуманитарни случаи. Еврејската Нова 5777 година (Рош Хашан) почнува денес со залезот на сонцето. Израелската армија рутински ги затвора палестинските територии за време на еврејските празници, а овој пат на ваквиот потег му претходеа повеќе напади и обиди за напади на израелските безбедносни сили во…
Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо, победи денес во трката за Формула 1 за Големата награда на Малезија. Рикардо ја оствари четвртата победа во кариерата, а прва во сезоната и прва после две години. Тој трката на патеката Сепанг ја заврши за еден час, 37 минути и 12 секунди. Втор беше Макс Верстапен од ред Бул со 2,4 секунди заостанување, а трет низ целта помина Нико Розберг од Мерцедес и покрај казната од десет секунди на конечниот резултат. Тој заостана зад Рикардо 25,5 секунди. Актуелниот светски првак Луис Хамилтон од Мерцедес не ја заврши трката поради експлозија на моторот. Инцидентот…
Екипата на Црвена ѕвезда имаше шампионски старт во АБА лигата. Кошаркарите кои ја бранат титулата во Јадранската лига го декласираа скопски МЗТ со 91:69, пред околу 3.700 гледачи во салата Александар Николиќ. МЗТ во Белград отпатува со желба за докажување против шампионот на Јадранот. Во воведните минути од натпреварот „металците“ ја имаа играта и го диктираа темпото и се играше „кош за кош“. Црвено белите првпат дојдоа во водство со 17:16, а потоа следеше серија од 7:0 за крај на првата четвртина, преку Бјелица и Гудуриќ (27:20). Од тогаш до крајот на натпреварот шампионот само ја зголемуваше предноста. Ц. Ѕвезда…
Шведската автомобилска компанија ќе ги повика сопствениците на 127 илјади возила ширум светот да ги донесат на поправка заради фабричка грешка. Повикот се однесува на моделите КСЦ90 СУВ, С90 и В90, за 2016 и 2017 година. Волво соопшти дека на властите во САД им пријавиле дека е можно одводното црево на клима уредот да е неправилно инсталирано во фабриката. Влагата може да ги спречи воздушните перничиња да се активираат при евентуален судар, а може да влијае и на електронскиот систем за управување на моторот. Во Волво тие проблеми ги откриле врз основа на извештаите од сервисите. Компанијата наведува дека нема…













