Автор: Томислав Кежаровски

Дваесет и две лица се убиени, а десетина се потешко повредени во самоубиствен напад на свадба близу градот Хасакa на североистокот на Сирија. „Бомбаш самоубиец се саморазнесе во сала во селото Тал Тавил северно од Хасака каде што се одржуваше свадба на еден од борците на Сириските демократски сили, изјави за агенцијата Франс прес Абдел Рахман, директор на сириската Опсерваторија за човекови права. Сириските демократски сили се арапско-курдска коалиција која се бори против екстремистите на Исламската држава. Меѓу починатите е и невестата, додал Рахман. Хасака е град кој речиси во целост е под контрола на курдските милиции и често е…

Read More

Фудбалерите на Партизан го победија на свој терен Младост со 3:1 во натпревар од 11 коло од Супер лигата на Србија Головите за триумф на Партизан ги постигнаа Леонардо во 45, Урош Ѓурѓевиќ во 60 и Валери Божинов во 67 минута, додека единствениот погодок за Младост го постигна Милан Бојовиќ во 57 минута со удар од единаесет метри. Црно-белите се трети на табелата со 22 бода, а Младост е петти со четири бода помалку. Партизан во следното коло му гостува на Вождовац, додека Младост ја дочекува Војводина.

Read More

Војводина со вечерашнава победа на стадионот „Караѓорѓе“ задржа приклучок со лидерот на шампионатот Црвена Звезда која денес со 4:2 триумфираше против јавор во Ивањица. Единствениот гол за Војводина го постигна Дејан Мелег во 13 минута. Екипата од Нови Сад после комплетното 11 коло го завзема второто место со 26 бодови, два помалку од белградските „црвено-бели“. Во дербито на 11 коло Чукарички на својот стадион одигра нерешено 1:1 со Борац од Чачак. Чукарички до предност стаса во 36 минута со голот на Марко Доциќ, а изедначувањето и едниот бод за Борац го донесе Лазар Јовановиќ со погодок во 57 минута. Нови…

Read More

Избирачките места на локалниte избори во Босна и Херцеговина се затворија во 19 часот. Граѓаните на БиХ избираа градоначалници и началници на градови и општини во Република Српска и во Федерацијата на БиХ, како и одборници во општински собранија во двата ентитета, како и во дистриктот Брчко. Претседателот на Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ, Ахмет Шантиќ, изјави дека на гласачките места во цела Босна и Херцеговина до 15 часот излегле 1.240.212 избирачи или 38,78 граѓани со право на глас. На изборите во Федерацијата на БиХ гласале 700.829 избирачи или 36,41 отсто, во Република Српска 508.336 или 42,73 отсто, а…

Read More

Динамо и Хајдук на Максимир во второто дерби сезонава одиграа без голови. Иако не беше постигнат ниту еден гол загребските „сини“ и сплитските „бели“ прикажаа добра игра. Бранителот на титулата, Динамо, можеше да поведе уште во првата минута кога Антолиќ шутираше покрај голот по додавањето од Пивариќ. Се редеа прилики пред гостинскиот гол во првото полувреме, а најповеќе имаше капитенот на „сините“ Антолиќ. Во 32 минута поусешен беше Калиниќ, две минути подоцна гредата го запре неговиот шут, а во 35 минута шутираше неколку сантиметри покрај голот. На другата страна Хајдук погоди од својот прв вистински напад, но погодокот на Охандзе…

Read More

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид соопшти дека играчот од тој клуб Лука Модриќ денес е успешно опериран. „На Лука Модриќ успешно му е, артроскопски, оперирано левото колено и отстранет дел од р’скавицата. Од утре тој ќе го почне својот процес на рехабилитација“, соопшти Реал. Мадридскиот клуб не наведува колку време капитенот на Хрватска ќе отсуствува од теренот, а шпанските медиуми посочуваат дека ќе паузира најмалку еден месец. Модриќ ќе пропушти неколку натпревари во шпанската Примера, како и натпревари од квалификациите за Светското првенство против Косово и Финска.

Read More

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе го освои првото место на првата трка на патеката Имола, а во негова чест по завршувањето беше интонирана македонската химна. „Летечкиот“ Македонец извозе одлично во првата трка и ги изненади сите и сосема заслужено се закити со пехарот.

Read More

Коалицијата за слободни и чесни избори „Под лупа“ евидентираше продажба на места во избирачките одбори во 18 општини во БиХ, 51 случај на употреба на јавни ресурси во изборната кампања и 118 случаи на купување гласови во замена за храна, пијалоци или други подароци. Невладината организација во 12 случаи добила приговори за ширење на омраза и дискриминација, пренесе регионалната телевизија Н1. „Под лупа“ има вкупно 2.500 набљудувачи кои покриваат повеќе од половина од избирачките места во БиХ.

Read More

Повеќе од стотина станбени подрачја ширум речиси илјада километри од северниот дел на Сирија се исчистени од терористи од почетокот на операцијата „Штит Еуфрат“, соопшти денес турската војска. Во соопштението е наведено дека од почетокот на офанзивата, од крајот на август, во артилериски и ракетни напади се уништени вкупно 1.657 цели, односно места на екстремистичката организација Исламска држава, пренесува агенцијата Анадолија. Опозициската Слободна сириска војска (ФСА) во саботата ја превзеде контролата над четири региони, а во судирите загинаа двајца борци на ФСА, а осум се ранети. Турција кон крајот на август испрати тенкови и специјални сили со поддршка на САД…

Read More

Чешкиот тенисер Томаш Бердих ја одбрани титулата во Шенжен, откако денес во финалето го победи Французинот Ришар Гаске со 7:6, 6:7 и 6:3. Оваа титула е прва за Бердих уште од освојувањето на трофејот во Стокхолм пред речиси една година. Нему ова му е 13 титула во кариерата. Бердих го загуби својот сервис во првиот гем од првиот сет, но веќе во следниот направи брејк и на крајот тој дел од играта го доби во тај-брејк (7:5). Гаске во вториот сет одбрани две меч топки пред да го освои сетот во тај-брејк (7:2). Чешкиот тенисер брзо се опорави после загубениот…

Read More