Автор: Томислав Кежаровски

Француските власти уапсија и осудија еден од водачите на ланец шверцери на мигранти и негов соучесник. Уапсените ги префрлувале бегалците од Франција во Велика Британија и заработувале на тоа и до 390 илјади американски долари месечно, соопштија денес официјални лица од судот и полицијата. Осудени се Тван Џамал, 35-годишен Ирачанец познат како „Паша“ и Кадир Пирут (33), пренесува АП. Тие за само еден месец организирале префрлање на 80 мигранти. Џамал е осуден на пет, а Пирут на четири години затвор.

Read More

Маж од турско потекло се обидел вчера во Виена со својот автомобил да прегази пешаци. Тој, извикувајќи низ прозорецот „Алаху акбар“, влегол на плоштадот каде возел дирекно кон луѓето. За среќа нема загинати. Четири патроли на полицијата успеале да го запрат разулавениот возач, пренесуваат австриските медиуми. Овој инцидент потсетува на оној од пред повеќе од една година што го предизвика Ален Ризвановиќ од Грац, кој вчера беше осуден на доживотен затвор. Ризвановиќ тогаш со својот џип во центарот на Грац уби три, а потешко повреди 50 лица.

Read More

Читиринаесет илегални мигранти од Авганистан загинаа, а 11 се повредени во сообраќајна несреќа што се случи на југоистокот на Иран, јави иранската агенција ИНСА. Според информациите, на патот Саравах-Каш се судриле две комбиња. Причините за несреќата сеуште не се познати. Оваа област е место за повремени судири меѓу полицијата и нарко-дилерите, криминалците и екстремистите од Ал Каеда. Во сообраќајни несреќи во Иран минатата година загинале повеќе од 17 илјади луѓе, што оваа земја ја прави една од најнебезбедните за сообраќај. Причината за големиот број сообраќајки со смртни последици се непочитувањето на сообраќајните прописи, старите возила и неадекватните служби за Итна…

Read More

Двајца високо позиционирани членови на Ал Каеда се убиени во напад со дрон на американската војска во Јемен, изјавиле локални официјални претставници за Ројтерс. Ова е трет ваков напад со дрон во централен Јемен оваа недела, а неколку водачи се ликвидирани во изминатите години. САД признава дека користат дронови во борбите против исламистичките милитантни групи во Јемен, кој се смета за едно од најсилните упоришта на Ал Каеда, но не ги коментираа јавно споменатите напади.

Read More

Колумбискиот претседател Хуан мануел Сантос изјави дека поглаварот на Римокатоличката црква на почетокот на идната година ќе биде во четиридневна посета на Колумбија. Папата Фрањо во февруари вети дека ќе ја посети Колумбија ако владата на таа земја и бунтовниците потпишат мировен договор со цел да се заврши најдолготрајниот американски конфликт. Мировниот договор е потпишан на 26 септември, но на сила ќе стапи кога на референдум на 2 октомври ќе го потврдат државјаните на Колумбија со право на глас. Во текот на минатогодишната посета на Куба, Папата им даде силен поттик на преговарачите, велејќи им дека немаат право да се…

Read More

Хрватот Мирко Филиповиќ потврди дека влегува во рингот со Вандерлеј Силва од Бразил на 29 декември. По победата против Кореанецот Мајунг, Филиповиќ го предизвика Силва од публиката и побара од организаторот да ја потврди нивната борба. Филиповиќ и Силва ќе ги вкрстат ракавиците во отворена категорија во две рунди. „Ништо тука не се случи спонтано. За се е виновен Вандерлеј кој ме прозва на прес-конференција летово, кога непредизвикан од ништо и од никого рече дека сака да се бори со мене. На организаторот ова добро му дојде и ми сугерираа да го повикам Силва на пресметка“, изјави Филиповиќ. Ова е…

Read More

Лавовите Мајо и Мотшегетси, два млади мажјаци, побегнаа од своите кафези во текот на ноќта меѓу средата и четвртокот. Чуварите успеале да го вратат Мајо во кафезот, а Мотшегетси е погоден со средство за заспивање, соопштија челниците на паркот. Директорот на зоолошката градина Георг Јундхол рекол дека обидот да се успие животното бил неуспешен и дека лавот морало да биде убиен, пренесе германската агенција ДПА. „Безбедноста на луѓето во вакви ситуации е најважна“, изјавил Јундхол. Во инцидентот никој не е повреден, а деталите за тоа како лавовите успеале да побегнат не се објавени. Германското здружение за заштита на животните наведува…

Read More

Фудбалерите на Манчестер јунајтед ја забележаа првата победа оваа сезона во Лига Европа. Тие на свој терен ја совладаа екипата на украинска Зорија со 1:0, во второто коло од ова натпреварување. Победа оствари и Фенербахче во дербито на колото со Феенорд со 1:0. Најубедлив триумф забележа Зенит од Санкт Петерсбург над Аз Алкмар со 5:0. Рома на домашен терен ја победи Астра со 4:0, додека Генк без проблеми го „помина“ Сасуоло со 3:1. Манчестер јунајтед во текот на целиот натпревар ја имаше ситуацијата под контрола, но немаше којзнае колку шанси. „Црвените ѓаволи“ во првото полувреме имаа три идеални прилики да…

Read More

Од 1 до 16 октомври во француската престолнина ќе се одржи најголемиот авто-салон на светот „Париз мото-шоу 2016“. Пред две години Салонот за автомобили го посетија 1.253.513 вљубеници во автомобилизмот. Очекувањата на организаторите се дека рекордот оваа година ќе биде срушен. Околу 300 излагачи од 80 земји ќе ги претстават своите најголеми достигнувања на 79 илјади метри квадратни изложбен простор. Интересно е што на манифестацијата нема да бидат присутни модели на „Форд“, „Бентли“, „Ролс-Ројс“, „Мазда“, „Волво“, „Ламборџини“ … Причините за откажувањето од Саемот се, како што наведуваат компаниите, штедење но и новите видови на презентации на возила преку интернет и…

Read More

Влатко Вучелиќ, педесет и едногодишен црногорски државјанин, уапсен неколку денови пред стравичните напади во Париз зад воланот на автомобил чиј багажник беше полн со оружје осуден е во Германија на четири години затвор. Вучелиќ, кој превезувал разни модели на револвери и пушки, како и експлозив, го запрела баварската полиција на територијата на таа покраина, на 5 ноември минатата година. Во неговиот „голф“ биле пронајдени осум „калашњикови“, повеќе револвери, две рачни гранати и 200 грама експлозив. Бил на пат за Париз, а уапсен е при рутинска контрола. Неколку дена подоцна, на 13 ноември 2015 година во француската престолнина одекнаа експлозии. Животот…

Read More