Автор: Томислав Кежаровски

Фудбалската репрезентација на Србија, составена од играчи од Супер лигата, загуби во Доха со 3:0 во пријателски натпревар. Прашањето на победникот беше решен во првите 45 минути кога Катар ги постигна трите гола, а стрелец на сите три беше Себастијан Сорија. Катар поведе во 24 минута. После нападот по десната страна и центаршутот, Сорија успеа да го совлада Филип Кљаиќ. Истиот играч со гол со глава зголеми на 2:0 во 30 минута. Конечниот резултат е поставен во 43 минута кога Сорија после контранапад прецизно стрелаше во мрежата на Кљаиќ. Репрезентативците на Србија во второто полувреме играа многу подобро, напаѓаа и…

Read More

Кристалина Георгиева е новиот кандидат на Бугарија за генерален секретар на Обединетите нации. Таа ја замени Ирина Бокова, која досега беше бугарски кандидат за оваа функција. Министерот за надворешни работи, Даниел Митов, рече дека гласањето во ОН покажало јасно што е тренд и, за жал, досегашната номинација имала негативен тренд. „Бугарската влада одговорно да пристапи и да ѝ даде можност на Георгиева која според проценката и консултациите има сериозни шанси“, рече Митов. Бојко Борисов рече дека прават огромни напори, не само владата, туку и претседателот на Бугарија. „Ова е исклучително сложена процедура. И Бокова работеше напорно“, нагласи Борисов и додаде…

Read More

На 94-годишна возраст во Тел Авив почина поранешниот претседател на Израел, Шимон Перес, две недели откако претрпе голем мозочен удар. На погребот, кој ќе се одржи в петок на националните гробишта во Ерусалим, ќе присуствуваат претседателот на САД, Барак Обама, канадскиот премиер Џастин Трудо, Бил и Хилари Клинтон, јавуваат израелски медиуми. Перес е еден од основачите на модерниот Израел. Роден е во Полска во 1923 година, како Шимон Перски, а единаесет години подоцна, во 1934 година се преселил во Палестина со своето семејство. Пораснал во Тел Авив, завршил средно земјоделско училиште, а потоа се запишал на „Харвард“ во Њујорк. Бил…

Read More

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го победија на свој терен Баерн Минхен со 1:0, во дербито на второто коло од Лигата на шампиони. Стрелец беше Јаник Фереира Караско во 35 минута. Атлетико беше подобар, а во 80 минута пропушти прилика да забележи поубедлива победа, затоа што Антоан Гризман промаши пенал. Ростов и ПСВ во Русија играа нерешено 2:2. Двоен стрелец за домашната екипа беше Дмитриј Полоз во осмата и во 37 година, а головите за гостите ги постигнаа Дави Пропер во 14 и Лук Де Јонг во допонувањето на времето во првото полувреме. ПСВ во 56 минута пропушти шанса за победа.…

Read More

Лидерот на исламистичката група Боко Харам, Абубакар Шекау, шест пати ја демантираше својата смрт. Сега објави снимка со која ги отфрла тврдењата на светските медиуми дека пред еден месец е тешко ранет во Нигерија. Абубакар го превзеде водството на Боко Харам во 2009 година после смртта на Мухамед Јусуф, основачот на групата. Медиумите веднаш истата година јавија дека новиот водач е убиен во текот судирот на нигериските сили за безбедност и Боко Харам. Следната, 2010 година, Шекау објави видео-снимка со изјава во која признава дека е ранет во ногата, но дека сето тоа било минато. Во август 2013 година, по…

Read More

Меѓународната автомобилска федерација (FIA) го објави календарот за следната сезона за Формула 1 кој не се разликува многу од годинешниот. И следната сезона ќе се возат 21 трка – шампионатот ќе почне со Големата награда на Австралија кон крајот на март, а ќе заврши осум месеци подоцна во Абу Даби. Во однос на годинешниов распоред трката во Шангај ќе биде втора во шампионатот, после таа во Мелбурн. Своите места во календарот ги заменија и трките во Малезија и Сингапур. Календар за Формула 1 за 2017 година: – 26 март Австралија – 9 април Кина – 16 април Бахреин – 30…

Read More

Фудбалскиот сојуз на Бугарија денес соопшти дека нов селектор на репрезентацијата е Петар Хубчев. Извршниот одбор на бугарскиот фудбалски сојуз едногласно одлучи Хубчев на клупата на националната селекција да го замени Ивајло Петев кој, според наводите во некои медиуми, би требало да го превземе загребски Динамо. Хубчев ќе ја предводи Бугарија до крајот на квалификациите за Светското првенство во 2018 година. Неговото деби е на 7 октомври на натпреварот против Франција, а три дена подоцна го очекува натпревар против Шведска. Бугарија ги почна квалификациите за Светското првенство во Русија со тешка победа против Луксембург од 4:3.

Read More

Американскиот Сенат денес убедливо го надгласа ветото на Барак Обама за законот кој ќе овозможи подигнување тужба против Саудиска Арабија за терористичките напади на 11 септември 2001 година. Сенатот гласаше 97:1. Ова е прв ваков случај откако Обама ја превзеде должноста претседател на САД, а вкупно 111 во американската историја. Претседателот на САД стави минатата недела вето на законот кој дозволува на семејствата на жртвите од терористичките напади во Њујорк да ја тужат Саудиска Арабија. Обама предупреди дека овој закон би бил штетен по националните интереси на САД и дека го подрива националниот суверенитет. Законот кој овозможува преживеаните и семејствата…

Read More

Најмалку две деца се ранети во инцидент што се случи во основно училиште во Таунсвил во Јужна Каролина, јавува CNN. Напаѓачот е уапсен, соопштила портпаролката на полицијата за округот Андерсон, Шејла Кол. „И понатаму работиме на собирање на информации“, соопштиле официјални лица од градот.

Read More

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, оцени денес дека ситуацијата во делови на Алепо кои се под контрола на бунтовниците е „полоша отколку во кланица“ и индиректно ги обвини Русија и властите во Дамаск за воени злосторства. Тој го рече ова на седница на Советот за безбедност за здравствената заштита во вооружениот судир, по повод бомбардирањето на уште две болници во источниот дел на Алепо. Бан Ки Мун наведе, не именувајќи ниту една земја, дека „тие кои користат оружје за уште поголемо уништување, точно знаат што работат и знаат дека прават воено злосторство“ и додал дека „болниците, клиниките…

Read More