Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
- Цената на нафтата паѓа
- ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
- Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
- Италија го менува својот изборен систем
- Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
- „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
- УХМР со временска најава за продолжениот викенд
- Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Автор: Томислав Кежаровски
Актуелниот светски шампион во Формула 1, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон рекол дека е уверен дека ќе се врати во добра форма за завршните трки во сезоната, дека ќе го врати водството во генералниот пласман и ќе ја освои четвртата титула светски првак. Шест трки пред крајот на шампионатот Хамилтон заостанува осум бодови зад клупскиот колега Нико Розберг. Тие двајца неколку пати во текот на сезоната се сменуваа во водство, а Розберг победи во последните три трки и со 19 бодови заостанување, колку што имаше во јули, сега има осум бодови предност. „Ќе ми бидат потребни добри резултати за да…
Поранешниот хрватски репрезентативец Иван Класниќ поминува низ вистинска животна драма. Тој мора да оди на трета трансплантација на бубрег, пишува германскиот „Билд“. Првиот, кој го добил од мајка му неговото тело го отфрлило. А, вториот го донирал татко му, меѓутоа и тој почнал да откажува така што е неопходна нова трансплантација. Неговиот брат Јосип се понудил да биде донатор, но поради создадените антитела не е дозволено да биде некој од членовите на семејството. „Јосип се чувствува полошо од мене, затоа што не може да ми помогне. Ќе прифатам што и да биде. Кога животот ти виси на конец мораш да…
Фудбалерите на Аталанта го победија на гостински терен Кротоне со 3:1 во шестото коло од италијанската Серија А. Аталанта во првото полувреме го декласираше Кротоне и практично тогаш го реши натпреварот, со оглед на тоа дека после 45 минути водеше со 3:0. Гостите од Бергамо поведоа веќе во третата минута со голот на Андре Петањан. На 2.0 зголеми Јасмин Куртиќ во 40 минута. Во првата минута од судиското продолжение на времето Александро Гомес со сјаен удар од работ на шеснаесетникот го постигна третиот гол. Аталанта од 62 играше со играч помалку, откако Франк Кес поради остар старт доби директен црвен…
Депортиво Алавес ја забележа втората победа во новата сезона во шпанската лига. На затворањето на шесттото коло, Алавес на свој терен ја совлада Гранада со 3:1 (0:0). Головите за Депортиво ги постигнаа Едгар Мендес во 32, Виктор Камараса во 66 и Дејверсон во 92 минута. Единствениот гол за Гранада го постигна Артем Кравец во 78 минута. Алавес после шест одиграни кола во Примера го завзема деветото место со исто толку победи, додека Гранада е претпоследна, 19-та, со само два бода.
Актуелниот италијански фудбалски првак Јувентус допатува во Загреб каде што со почеток во 20.45 го очекува натпреварот против Динамо во рамките на второто коло од групата Х од Лигата на шампиони. Фудбалерите на торинската „Стара дама“ веднаш се упатија кон стадионот во Максимир, но не тренираа туку само се прошетаа по теренот. Тренерот Масимилијани Алегри во Загреб доведе 20 играчи меѓу кои се и двајцата хрватски репрезентативци Марио Манџукиќ и Марко Пјаца. „Дојдовме по три бода и размислуваме само за утрешниот натпревар. Не сакаме да дозволиме никакво изненадување, рече Алегри на средбата со новинарите. Алегри нагласи дека „Јуве“ игра секои…
Швајцарците на референдум одобрија прислушување на разговори и надзор на електронската пошта ако за тоа постои одобрување од Сојузниот суд или од Министерството за одбрана. Дури две третини од излезените на гласање, или 65.5 отсто, се согласиле разузнавачките служби да добијат неспоредливо поголеми овластувања отколку што имаа до сега. Противниците, меѓутоа, изразиле сомнеж дека ова би можело да ја загрози традиционалната швајцарска неутралност на која се горди нејзините граѓани и која сакаат да ја одржат. Швајцарија беше една од ретките земји во која прислушувањето на телефонските разговори и следењето на електронската пошта беа забранети без оглед на околностите. Владата водеше…
Седиштето на Владата на Србија, од 10 до 17 октомври, ќе биде нишката касарна „Књаз Михаило“. Тука ќе се одржуваат седниците, како и средби на граѓаните со премиерот и министрите, кои ќе се обидат да решат што повеќе проблеми во текот на тие седум дена. Подготовките за настанот се во полн ек. Предвидено е премиерот и министрите при престојот да се хранат во војничкиот ресторан, додека состаноците и приемот на граѓаните би биле организирани во Мултимедијалниот центар. Граѓаните на Ниш и околните места можат за разговор со премиерот да се пријават на телефон или со испраќање на пријава на меил…
Падобранецот Т.К. (26), турски државјанин, денеска околу 13 часот падна на покрив на зграда во Падинска скела, крај Белград, во непосредна близина на спортскиот аеродром. Овој пад, за среќа, не заврши кобно, а поради брзата реакција на екипата на Итната медицинска помош турскиот државјанин помина без сериозни повреди. Во улицата Дејан Смиљковиќ број 113 брзо стигнале и пожарникари, но немало потреба од нивна интервенција. Станарите од станбениот комплекс на кој „слетал“ падобранецот велат дека се исплашиле кога слушнале силен удар на покривот. Како дошло до оваа незгода уште не се знае, а нема информации ниту за искуството на падобранецот. Неофицијално…
Во акција на српската полиција уапсени се членови на криминална група од Бујановац и Прешево кои се занимавале со организирање на илегален влез, престој и транзит на мигранти. Осомничените ги прифаќале мигрантите на македонско-српската граница, ги вдомувале извесно време, а потоа ги префрлувале до одредени дестинации од каде се упатувале кон земјите во Западна Европа. Претреси се извршени на 16 локации на подрачјето на Прешево и Бујановац и се откриени 18 извршители на кривичното дело „недозволен премин на државната граница и криумчарење на луѓе“. Шеснаесет од нив се задржани во полициска станица и ќе бидат однесени на сослушување кај истражен…
Четири лица во средата вечерта околу 20 часот во скопско Шуто Оризари силувале 18-годишна девојка. Настанот се случил на улицата Нов живот, близу последната постојка на 19-ка. Случајот во полиција го пријавил вработен во ХОПС. Инспектори од Министерството за внатрешни работи работат на утврдување на идентитетот на напаѓачите и на нивно пронаоѓање и приведување.













