Автор: Томислав Кежаровски

Во Лондон денеска е уапсено дваесет и едногодишно момче кое се качило на капијата на Бакингамската палата и влегло во кралскиот двор, соопшти Скотланд јард, пренесува Би-Би-Си. Во полицијата било пријавено дека машко лице се качува на јужната капија во 13.45 по локално време. Момчето е уапсено поради недозволен влез во комплексот. Кај него не е пронајдено какво било оружје, но истрагата продолжува, навела полицијата. Уапсениот е ставен во притвор и ќе биде однесен во психијатриска клиника заради проценка на менталното здравје.

Read More

Британскиот министер за финансии, Филип Хамонд, изјави дека британската фунта ја губи вредноста поради тоа што инвеститорите стануваат се повеќе свесни дека Велика Британија ќе излезе од ЕУ. Фунтата денес утрината претрпе еден од своите најголеми падови. За неколку минути изгуби шест проценти од својата вредност, со што падна на најниско ниво во последните триесет години, но после тоа таа закрепна. Вчераноќ британската валута од 1,26 долари падна на 1,18, а подоцна „си дојде на себе“ и чинеше 1,25 долари. Причините за овој неверојатен пад којшто се случи „во ниедно време“, кога работеа само азиските берзи, сеуште не се познати.…

Read More

Српски цариници денес на граничниот премин Шид спречија обид на двајца мигранти скриени во камион, на врвот на товарот, да влезат на територија на Европската унија. Две деца од Авганистан од 12 и 16 години се откриени при детална контрола на камион којшто превезувал мебел од Јагодина кон Италија. Тие како и многу нивни претходници ја искинале церадата од горната страна на приколката и се вовлекле во тесниот простор, во кој можеле да бидат само лежечка положба. На цариниците во прв момент им се причинило дека товарниот простор е исполнет до крај со кутии со разни видови на мебел и…

Read More

Во Америка денес е забележана првата жртва од ураганот Метју, кој го погоди брегот на Флорида и предизвика смрт на жена на возраст меѓу 50 и 60 години, соопштија локалните власти. На жената и се влошила здравствената состојба во нејзината куќа во областа Сент Луси, во централниот дел на Флорида, а поради силниот ветар Итната помош не успеала до неа да стигне на време, изјавила за агенцијата АФП портпаролот на локалната пожарникарска служба, Кетрин Чејни. Силниот ураган Метју оваа недела ги зафати Карибите, каде на Хаити загинаа најмалку 400, а во Доминиканската република четири лица. Ураганот денес, исто така, ги…

Read More

Кандидатот на Србија за генерален секретар на Обединетите Нации, Вук Јеремиќ, во следните два месеца треба да донесе одлука дали се враќа на српската политичка сцена. Неговиот висок пласман на Ист Ривер, според многумина е добра препорака за кандидатура на претседателските избори во Србија следната година. Сепак, тој сеуште нема донесено конечна одлука за неговиот понатаможен ангажман, дали ќе биде во меѓународната политика со неговиот Центар за меѓународна соработка и одржлив развој или тргнува во кампања за претседателската фотелја. Во прилог на одлуката за влез во трката за шеф на државата на Јеремиќ му оди не само добриот резултат во…

Read More

Техничкиот директор на Мерцедес, Педи Лав, ги отфрли наводите дека моторот во болидот на Луис Хамилтон во трката за Големата награда за Малезија, минатиот викенд, откажал поради направена саботажа. Хамилтон во минатонеделната трка се откажа во 41 круг затоа што му експлодира моторот. До тогаш тој имаше предност од цели 20 секунди од второпласираниот. Британецот после трката изјави дека во случајот има нешто многу повеќе од лоша среќа. „Некој не сака да ја освојам шампионската титула оваа година, но јас не се откажувам“, изјави трикратниот освојувач на шампионатот на Формула 1, Луис Хамилтон. До крајот на шампионатот има уште пет…

Read More

Долниот дом на рускиот парламент денес ја ратификуваше спогодбата со Сирија со која се дозволува руската војска во таа земја да остане на неограничено време. Думата оваа одлука ја донесе едногласно. Со неа се официјализира руското воено присуство во воздушната база Хемеими во сириската провинција Латакија. Овој потег се гледа како знак на поддршка на сирискиот претседател Башар ал Асад. Според спогодбата, Русија може да ја користи базата колку што смета дека треба. Русија се вклучи во воениот конфликт во Сирија на 30 септември 2015 година, со цел, како што наведуваат од Москва, да и помогне на сириската војска во…

Read More

Актуелниот светски шампион во Формула 1, возачот на Мерцедес Луис Хамилтон, рече дека повеќе нема да се осврнува на разочарувањето во Малезија и проблемите со моторот, кои му ја отежнаа борбата за титула, затоа што сега заостанува 23 бодови зад неговиот клубски колега Нико Розберг. „Се разбира, минатиот викенд доживеав огромно разочарување. Не само јас, туку и целиот тим. Но, нема смисла да се навраќаме на тие работи. Тоа е негативна енергија. Се што можеме да направиме е да се свртиме кон следната трка, да одиме чекор по чекор и да ги направиме работите најдобро што знаеме“, рече Хамилтон, пренесува…

Read More

Воените сили на Сирија соопштија дека ќе го намалат бомбардирањето на Алепо за да може цивилното население од бунтовничките делови на градот безбедно да се евакуира. Соопштението е прочитано на државната телевизија после 16 дена воени напади на Алепо во кои загинаа преку 300 лица и се оштетени болници и водовод, наведува агенцијата АП. Обединетите Нации објавија сателитски снимки на кои се гледа размерот на руско-сириското бомбардирање на Алепо, после прекинот на примирјето од пред две недели. Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернст, рече дека фотографиите се „длабоко разочарување“, додавајќи дека е трагично што не се претерано изненадени од случувањата.…

Read More

Кошаркарите на Игокеа ја победија вечерва во Скопје екипата на Карпош Соколи со резултат 84:79 во натпревар од второто коло од регионалната АБА лига. Најефикасен играч на натпреварот беше Драган Лабовиќ (Карпош Соколи) со 22 поени, додека во победничкиот тим најмногу кошеви постигна Вук Радивојевиќ – 19 поени. За екипата на Игокеа на овој натпревар настапи плејмејкерот Џејмс Робинсон кој првиот го пропушти поради повреда на раката. Во дебитантскиот настап Робинсон постигна 16 поени.

Read More