Автор: Томислав Кежаровски

Два проетила се истрелани во правец на американски брод во Црвеното море од територијата под контрола на бунтовниците Хути, но двата не стасале до бродот, соопшти американската морнарица. Хутите демантираат дека тие стрелале во бродот. „Екипажот на воениот брод „Мејсон“ забележал два проектила во период од 60 минути додека пловеле во Црвеното море, близу брегот на Јемен. Проектилите не го погодиле бродот“, изјави портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис, пренесува Ројтерс. На бродот нема повредени, ниту е причинета материјална штета. АП наведува дека претходно еден брод на Соединетите Арапски Емирати претрпе голема штета во сличен ракетен напад. Во меѓувреме, од територијата…

Read More

На аеродромот Батајница крај Белград попладнево почна летната тактичка вежба на припадници на војските на Србија и Русија, „Барс 2016“. На вежбата „Контрола и заштита на воздушниот простор и борбено пребарување и спасување“, што ќе трае до 15 октомври, учествуваат авијацијата и хеликоптерските единици на Военото воздухопловство и Противвоздушната одбрана (ПВО) на Војската на Србија и 19 припадници на Воздушните-космички сили на Руската Федерација. Пилотите на вооружените сили на Русија и Србија ќе реализираат тактички задачи во состав на мешовити екипажи главно на авионите МиГ-29 и на хеликоптерите Ми-17, соопшти Министерството за одбрана на Србија. Паралелно со вежбата ќе бидат…

Read More

Бегалецот од Сирија којшто планираше да изврши напади во Германија, слични на оние во Брисел и Париз, е уапсен, соопшти германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезијер. “Според она што досега го знаеме, подготовките во Хемниц биле слични на подготовките за нападите во Париз лани и во Брисел во март оваа година, наведе Мезијер во сооштението. Во исто време, шефот на истражната канцеларија во Саксонија, Јерг Михаелис, изјави дека 22-годишниот сириски мигрант Џабер Албакр, најверојатно бил инспириран од Исламска Држава и дека неговото однесување оди во прилог на таа теорија, пренесуваат агенциите. Михаелис на конференцијата во Дрезден рекол дека…

Read More

Членот на Комисија на Босна и Херцеговина за спроведување на референдум, Горан Змијанац, денес е сослушан во Обвинителството во Сараево во врска со референдумот за Денот на Република Српска, кој беше одржан на 25 септември. Змијанац бил сослушуван во својство на осомничен. Како осомничен ќе биде сослушан и Милан Петковиќ, адвокат од Бања Лука, исто така член на Комисијата за спроведување на референдумот. Покани од оваа правосудна институција Змијанац и Петковиќ добиле минатата недела. Змијанац и Петковиќ се повикани поради распит во предметот против претседателот на РС, Милорад Додик, за неизвршување на одлуката на Уставниот суд на БиХ, Судот на…

Read More

Пратениците од Горниот дом на германскиот парламент и предложија на Европската комисија после 2030 година да се забрани регистрација на возила со мотори со внатрешно согорување, пишува „Шпигл“. „Потребно е да се преиспита досегашната даночна политика за да се поттикнат сообраќајни решенија кои не причинуваат загадување и да се постигне целта, по 2030 година во Европската Унија да се регистрираат само возила без штетни емисии“, стои во барањето упатено до ЕК. Како што наведува „Шпигл“, со ова барање се согласиле сојузните покраини во кои на власт се демохристијани и покраините со социјалдемократски влади. Сојузниот министер за сообраќај, Александер Добринт (од…

Read More

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Италија со 3:2, со гол во последните минути од средбата. Некогашниот светски и европски првак среќно стаса до трите бода, во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година. По три одиграни средби, Македонија нема ниту еден освоен бод. „Црвено-жолтите“ одиграа храбро против големиот ривал, но на крајот беа поразени. Чиро Имобиле беше херојот на „аѕурите“. Имобиле постигна два гола во последните 15 минути и негативата од 2:1, ја претвори во водство од 3:2. На полувремето Италија имаше предност со погодокот на Андреа Белоти во 24 минута. Илија Несторовски во 57 минута изедначи на…

Read More

Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, изјави дека во експлозијата на автомобил-бомба на југоистокот на Турција загинаа 18 лица, а дека 26 се ранети. Јилдирим го осуди нападот и нагласи дека Турција ја продолжува борбата против тероризмот. „Нападот го изврши бомбаш-самоубиец кој го детонираше комбето со пет тони експлозив“, им рече Јилдирим на новинарите. Во нападот кој се случи во покраината Хакари ранети се 10 војници и 16 цивили. Како што претходно беше наведено, експлозијата се случи кај градот Шемдинлија, во планинскиот дел на округот Хакари, недалеку од границата со Ирак и Иран, каде што се активни припадниците на Работничката партија…

Read More

Осум милитанти загинаа денес во Чеченија, на северот на земјата, откако не ја почитувале наредбата да застанат на контролен пункт. Чеченската полиција реагирала по нивното бегство и откако почнале да пукаат. Според зборовите на претставник на чеченската полиција, осумината милитанти превезувајќи се во два автомобила отвориле оган од автоматско оружје и фрлиле бомби на полицајците. Постојат сомневања дека меѓу убиените е лидерот на милитантите Али Демиханов, кој се наоѓа на федерална потерница. При акцијата се ранети четири полицајци, меѓутоа, тие се надвор од животна опасност.

Read More

Повеќе илјади луѓе протестираа Сани, главниот град на Јемен, по повод воздушниот напад на меѓународната коалиција која ја предводи Саудиска Арабија на погребна сала, што го прави еден од нападите со најмногу жртви во текот на граѓанската војна во таа земја. Билансот од бомбардирањето е 140 загинати и 525 ранети, соопштија официјални лица од Обединетите Нации. Саусиска Арабија соопшти дека ќе спроведе истрага поради „извештајот за тажнното и мачно бомбардирање“ во Сани, не наведувајќи притоа дена нејзината коалиција која се бори против бунтовниците во Јемен е единствена која има воздухопловни сили во тој судир, наведува агенцијата АП. АП потсетува дека…

Read More

Договорите за изградбата на гасоводот за руски природен гас преку Турција би требало да бидат финализирани утре, кога во Истанбул ќе се состанат претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган. Во интервју за агенцијата Анадолија, во пресрет на Светскиот конгрес во Истанбул, рускиот министер за енергетика, Александар Новак рече дека формулирањето на меѓувладината спогодба за изградба на гасоводот Турски поток во голема мера е договорена. Со проектот којшто Путин го најави во декември 2014 година, при посетата на Турција, се предвидува гасот по дното на Црно море да се пренесе до западната турска покраина Тракија. Еден…

Read More