Автор: Томислав Кежаровски

Нови Сад ќе биде Европска престолнина на културата во 2021 година, соопшти Европската комисија. За Европска престолнина на културата, покрај Нови Сад избран е и романскиот Темишвар, а како трет таа титула на 11 ноември со него треба да ја подели и еден грчки град. Според новите прописи, од 2021 година секоја трета година кандидат за членство во ЕУ може да предложи свој град за Европска престолнина на културата. Проектот „Нови Сад 2021“ е осмислен како платформа за развој на културните и креативните потенцијали на градот која има за цел да ја зајакне културната виталност, овозможи урбана регенерација и да…

Read More

Руската ВТБ банка соопшти дека размислува за преселување на своето европско седиште за инвестициско банкарство од Лондон, после одлуката на Велика Британија да излезе од Европската унија. „Преселување од Лондон или наше останување зависат од развојот на ситуацијата поврзана со Брегзит. Поради Брегзит, ВТБ ќе ги прилагодува своите активности во Лондон, но нема намера да го затвори своето работење“, се наведува во соопштението на руската банка. Јунската одлука на Британија за напуштање на Унијата предизвика можност за масовно заминување на финансиски институции од британската престолнина.

Read More

Израелската армија ги затвори во понеделникот на полноќ Западниот брег и појасот Газа по повод Јом Кипур, еврејскиот Ден на покајание, најсветиот во еврејскиот календар. Војската соопшти дека влезот во Израел ќе биде дозволен само за хуманитарни и итни медицински случаи. Палестинските територии, се наведува во истото соопштение, ќе бидат затворени до денес на полноќ. Сепак, не се исклучува можноста затворањето да биде продолжено. Тоа зависи најповеќе од ситуацијата. Во обични денови десетина илјади Палестинци минуваат низ контролните пунктови меѓу Израел и Западниот брег. Иако Газа се смета за стално блокирана територија и оттаму преку граничниот премин Ерез преминуваат Палестинци…

Read More

Акциите на европските берзи пораснаа при што главниот индекс на Лондонската берза достигна рекордна вредност благодарение на слабата фунта. Ниската вредност на фунтата, како последица на загриженоста заради резултатот од Брегзит, му помогна денеска на лондонскиот индекс ФТСЕ 100 да порасне на 7.129,83 поени, со што беше надминато претходното рекордно ниво на тој индекс од 27 април минатата година, пренесува Франс прес. Откако Британците во јуни донесоа одлука за напуштање на ЕУ, фунтата изгуби речиси 18 проценти од вредноста, наведува француската агенција. Франкфуртскиот индекс Дакс 30, вчера, во попладневните часови, зајакна за 0,3 отсто, на 10.653 поени, а парискиот КАК…

Read More

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) соопшти дека членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) мораат брзо да ги исполнат ветувањата за смалување на производството ако сакаат цената на нафтата да продолжи да се зголемува. Во своите редовни месечни извештаи, ИЕА навела дека производството во земјите на ОПЕК во септември достигнала рекордни 33,64 милиони барели дневно. Ирак произвен повеќе нафта од кога било, а во Либија повторно се отворени нафтените пристаништа. ИЕА соопшти и дека производството на нафта во Русија која не е членка на ОПЕК, исто така била рекордна, најповеќе во постсоветскиот период. Додека производството на нафта расте,…

Read More

Во Франција, во Париз, во петок ќе биде отворена првата сала наменета за наркозависници, каде што ќе можат да земаат дрога во добри санитарни услови. Оваа иницијатива ја поздравија бројни здруженија во Франција, но наиде на остри критики кај десницата. Министерот за здравство, Марисол Турен, и градоначалникот на Париз, Ан Идалго, ја посетија „салата за конзумирање дрога со минимален ризик“ во болницата Ларибуазијер, во парискиот кварт кој е најповеќе погоден со проблемот на токсикоманија. Франција така им се придружи на Германија, Австрија, Канада, Шпанија, Данска, Луксембург, Норвешка, Холандија и Швајцарија, земји во кои отворањето на вакви простории беше ефикасно. Просторот…

Read More

Германската канцеларка Ангела Меркел разговараше вчера, при посетата на Етиопија, со премерот Хајлемари Десален за неодамна воведената вонредна состојба во таа земја и на други теми, вклучувајќи ја и миграцијата. Меркел им пружу поддршка на демонстрантите и ветила дека ќе се залага за поголема слобода во Етиопија, наведувајќи дека „енергичното граѓанско општество е составен дел на оваа земја во развој.“ Канцеларката рекла дека Германија се понудила да ги подучува полицајците од Етиопија како да се справат со насилни демнстрации, поради кои една од најсилните економии во Африка во неделата прогласи вонредна состојба, прв случај после 25 години. „Секогаш ќе се…

Read More

Вооружен бомбаш самоубиец ја нападнаа џамијата во авганистанскиот главен град Кабул, соопшти Амбасадата на САД во оваа држава. Во инцидентот потешко се повредени 26 лица кога е отворен оган во и околу џамијата која е шиитско светилиште. Неофицијалните извештаи покажуваат дека до сега загинале 14 луге, еден полицаец и тринаесет цивили, пренесува АП.

Read More

Возот „Маглев“ за кој некогаш надлежните во Германија се надеваа дека ќе го забрза железничкиот сообраќај и ќе стане голем извозен производ е понуден на продажба. „Трансрапидниот воз“ чиј принцип на движење е заснован на технологијата на магнетна левитација, потенцијалните купувачи можеа да го видат на изложбата денес, а таа ќе трае и утре, на поранешната пробна пруга на северозападот на Германија, близу границата со Холандија. Властите не ја одредиле минималната цена на возот, а аукцијата ќе трае до 25 октомври. Прототипот на „Маглев“ е направен во 2007 година, а со проектот било предвидено да сообраќа на пругата која го…

Read More

Седницата на Собранието на Србија е прекината вечерва откако пратениците почуствувале мирис на изгорено. Продолжението е закажано за утре. На Седницата на дневен ред била расправа за избор на членови на Советот на Регулаторното тело за електронски комуникации. Припадници на Секторот за вонредни ситуации при Министерството за внатрешни работи, веднаш по јавувањето дека се чуствува мирис на запалено во салата на Народното собрание, го прегледале просторот и вентилациските канали и сите уреди и не пронашле траги од пожар. Се претпоставува дека непријатниот мирис дошол од надвор низ отворите за вентилација.

Read More