Автор: Томислав Кежаровски

„Ниеден судија повеќе нема да си дозволи да осудува невини луѓе. Ниеден судија нема да смее да помисли да монтира судски процеси и ниеден судија нема да помисли да работи за криминалци затоа што криминалците ќе бидат таму каде што им е местото“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција. Тој додаде дека и сега има поединци кои одважно ја бранат прадвата, за што, како што рече, трпат последици и дека со реизборот на судиите, што ќе се случи по критериуми што веќе во повеќе земји даваат видливи резултати, политичарите ќе мора да ги повлечат канџите од судството.…

Read More

На еден месец пред избори, се случи преседан во синдикализмот во Македонија. Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) и Владата потпишаа меморандум за соработка. На настан не можеше да присуствува кој било медиум. Текстот на меморандумот е објавен само на веб-страницата на ВМРО-ДПМНЕ, а не и на сајтот на ССМ. Потписници се ВМРО-ДПМНЕ, ССМ, Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, Конфедерацијата на слободни синдикати и Сојузот на здруженијата на пензионерите, чија улога во друштво со другите потписници е симптоматична. ССМ, по дефиниција и по статут е невладина и непартиска организација, што би требало да значи дека не треба да…

Read More

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во пишана изјава до медиумите реагира во врска со доставените носители на кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ до Државната изборна комисија. Заев оценува дека носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ се, како што вели, огледало на криминалот, корупцијата, насилството, несовесноста и беззаконието. Тоа, како што наведува Заев, се луѓе кои украле над пет милијарди евра пари од граѓаните и кои принудиле над 600 илјади лица да ја напуштат државата. „Овие луѓе, кои принудија над 626.312 луѓе, меѓу нив и ваши деца, да заминат во странство, а вас ве оставија во солзи, немаат намера да ни ги вратат…

Read More

„Народот на овие избори ќе донесе огромна победа за нашата коалиција и ќе покаже дека тој народ е газда во оваа држава. Народот ќе им го даде својот одговор на сите кои го потценуваа“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на конвенцијата на Коалицијата за подобра Македонија. На конвенцијата на која беа промовирани кандидатите за пратеници, Груевски рече дека во периодoт што изминал, во кој што имало лични навреди, клевети и омаловажувања од страна на опозицијата, успеал да издржи благодарение на довербата од народот. Според него, овие избори ќе бидат поразлични од останатите и по тоа што тој заедно со…

Read More

Фудбалерот на Баерн Минхен, Франк Рибери, ќе отсуствува од фудбалските терени околу дваесетина дена поради повреда, соопштија од германскиот шампион. Французинот ќе ги пропушти средбите со ПСВ Ајндховен во среда во Лигата на шампионите и наптреварите од Бундес лигата со Ајнтрахт и со Борусија Менхенгладбах, додека неизвесен е неговиот настап за дуелот со Аугсбург, на 29 октомври.

Read More

Дваесет и четири лица го загубија животот во стампедо кое се случи во градот Варанаси на северниот дел на Индија, при хиндуистичкиот обред, јавува Anadolu Agency. Деветнаесет лица загинале на лице место, а пет починале во болница. Четворица од дваесетте колку што се хоспитализирани се тешко повредени. Премиерот на Индија, Наренда Моди, на социјалната мрежа Твитер наведе дека му е жал поради страдањето на толку луѓе во стампедото, а на официјалните лица им нареди да им пружат потребна помош на оштетените. Во стампедото во октомври 2013 година до кое дојде во сојузната индиска држава Мадја Прадеш, животот го загубија повеќе…

Read More

Британецот Енди Мареј е победник на Мастер турнирот во Шангај, Кина, откако денеска во финалето го совлада шпанскиот тенисер Роберт Баутиста-Агут со 2:0. Во меч кој траеше еден час и 37 минути првиот сет заврши 7:6, во тај-брејк 7:1, додека во вториот Британецот убедливо го совлада својот противник со 6:1. За второпласираниот на светската ранг листа ова беше 41 АТП трофеј, трет во Шангај, шести оваа сезона и 13-то од Мастер серијата. Турнирот се играше за награден фонд од 5,45 милиони американски долари.

Read More

Бројот на храбри луѓе кои се подготвени секогаш да помогнат, да скокнат во вода и оган, да пружат рака на поддршка и зборови на утеха и да ги спречат несреќите, од пред неколку дена е зголемен за уште еден, за четириесет и тригодишниот скопјанец Аријан Превала, искусен пилот, инструктор по летање во САД. Присебноста и пожртвуваноста на Превала спречија голема трагедија во градот Мериден, во американската држава Конектикат. Аријан спаси повеќе стотици животи. Студентот-пилот, Ферас М. Фреитех (28), од Јордан, во вторникот додека под придружба на инструкторот Превала изведувал контролен лет, од засега неутврдени причини намерно го урна авионот „Пејпер…

Read More

Пратеници во Европскиот парламент, социјалисти кои ја поддржуваат левичарската влада во Атина, ја повикаа Европската комисија да побрза со отпишувањето на долгот на Грција, наведувајќи дека секое одлагање може да има „разорни последици на нејзиното стопанство“. Повеќе од 36 пратеници од редовите на владеачката Сириза и сојузничките, евросоцијалистички партии, му упатија писмо на комесарот на ЕУ за економски прашања Пјер Мосоковис. Во писмото се повикува ЕУ да изврши притисок на финансиските институции и кредиторите, како би почнале преговори за нови услови за враќање на 315-те милијарди евра грчки долг. Тоа би подразбирало подолг рок и рамноправен рок на отплата. „Долгото…

Read More

Ураганот Никол, очначен како „исклучително опасен“ којшто е ставен во категоријата четири, на скалата до пет, се движи кон Бермудите, британска територија во Атланскиот океан, предупредува американскиот Национален центар за урагани. Според предвидувањата, ураганот Никол, со максимална силина на ветрот од 215 километри на час денес ќе помине преку Бермудските острови. Бермудите треба да се подготват за опасна бура, разурнувачки бранови и обилни дождови и жителите да побрзаат со подготовките за да ги заштитат своите животи и својот имот, предупредува центарот. Ураганот Метју кој минатата недела мина преку Карибите и САД беше исклучително разорен. На Хаити Метју усмрти 473 лица,…

Read More