Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Eвропски филмови на „Кафе кино“ од 6 до 16 јули
Култура

Eвропски филмови на „Кафе кино“ од 6 до 16 јули

јули 3, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со комедијата „Добредојдовте во Германија“ на Симон Верховен од 2016 година, в сабота во Сули ан ќе биде отворено 11-дневното „Кафе кино“ кое е составен дел од програмата на фестивалот „Скопско лето“.

Вториот ден од викендот (7 јули) ќе биде прикажана спортската комедија од Швајцарија „Стрикер (Гол натрапник)“.

Проекциите ќе продолжат до 16 јули, секоја вечер од 21 часот. Покрај овие два, на „Кафе кино“ годинава се уште девет понови европски филмски наслови: италијанската комедија „Хотел Гагарин“ (8 јули); швајцарскиот документарец „Хотел Југославија“ (9 јули); семејната драма од Италија „Море од жито“ (10 јули); шпанско-француската хороркомедија „Убивајќи го Бога“ (11 јули); унгарската фантастична романтична
комедија „Лиза – лисицата самовила“ (12 јули); од Унгарија е и историската авантура „Кинцсем – обложи се на одмазда“ (13 јули); данската комедија „Кариран нинџа“ (14 јули); италијанската авантура „По стапките на мојот татко“ (15 јули) и германско-италијанската авантуристичка драма „Планинско чудо“ (16 јули).

Филмови што ретко се во ударни термини на репертоарите во кината

Новинарот од Македонското радио Тони Цифровски, кој и оваа година помогна да се направи селекцијата, за МИА изјави дека и годинашниот избор филмови за популарното „Кафе кино“ е обид пред пребирливата публика на „Скопско лето“ да се распостелат, како што вели, подвижните слики од кинематографиите во Европа, кои поретко добиваат ударни термини на редовниот кинорепертоар.

„Жанровската шареноликост веруваме дека ќе обезбеди програмски фаворит за секој филмофил што ќе дојде во Сули ан. Отворањето е со одличната германска комедија „Добредојдовте во Германија“ која треба да обезбеди насмевки за добредојде на годинашното издание на ова случување, во кое мал акцент ќе биде ставен на унгарската кинематографија“, рече Цифровски.

Влезницата за секој филм е 100 денари.

Во Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, организаторот на „Скопско лето“, се задоволни од интересот за овој настан во изминатите години и од продадените билети,
иако Сули ан не е преполн на проекциите и не се зафатени сите 150 планирани места (столови) за гледачи.

Интересот е добар, велат, со оглед на новото време и технологијата, со која секој нов филм бргу и лесно станува достапен за гледање на интернет.

Посетеноста почнала да опаѓа на почетокот на 1990-тите со распространувањето на домашното видео, кога почна и пропаѓањето на Градски кина.

Но во последните години „Кафе киното“ повторно заживува зашто публиката доаѓа да гледа филмови и заради пријатниот амбиент.

По неколкуте локации, киното на „Скопско лето“ се врати на првата

Програмата „Кафе кино“ стана дел од скопскиот фестивал во средината на 1980-тите токму во Сули ан – некогашен карван-сарај, споменик на османлиската архитектура од 15 век, каде што сега се сместени Факултетот за ликовни уметности и Музејот на Старата скопска чаршија.

На тоа место филмови се прикажуваа во првите две години од воведувањето на
програмата, а една година и во блискиот Куршумли ан.

Подоцна неколку години филмови се гледаа зад Музејот на Град Скопје – место за кое убави сеќавања имаат и организаторите, а и публиката.

Следна локација за летните проекции беше старото Кино-парк во забавниот Луна-парк, но поради неговата руинираност пред четири-пет години филмовите повторно се преселија во Сули ан, како на почетокот.

Организаторите се сеќаваат не само на различните локации низ годините, туку и како се менувало т.е. олеснувало прикажувањето на филмовите.

За разлика од блу-рејот сега, до пред само неколку години располагале со
гломазен апарат – соодветен за 35-милиметарските филмови.

Еден таков голем и застарен кинопроектор, набавен пред дваесетина години со
средства од ФАРЕ-програмата, се чува „пензиониран“ во магацин.

„Кафе Кино“ европски филмови скопско лето
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Бугарија победи на Евросонг 2026

мај 18, 2026

Почнува јубилејниот 70. Евросонг

мај 13, 2026

Објавени пробите за настапите на „Евровизија“

мај 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.