Министрите за дијаспората на Македонија, Албанија и Косово, Едмонд Адеми, Пандели Мајко и Дардан Гаши одржаа трилатерална средба во Охрид.
Адеми, Мајко и Гаши оценија дека соработката во полето на дијаспората е корисна и важна за продлабочување на соработката меѓу трите земји во регионот.
Состанокот во Охрид се смета како важен почеток за промовирање на заеднички активности во зајакнувањето на врските меѓу земјите во рамките на процесот на евроатланска интеграција.
Министрите ја поздравија последната одлука на Парламентот на Република Македонија за изгласување на Законот за јазиците како придонес за заедничка регионална соработка.
Тие се согласија да реализираат заеднички посети во САД, Германија и други земји за да се одржат средби со асоциациите на дијаспората по потекло од трите земји и дека нивното заедничко дејствување треба да продолжи и да биде инклузивно со меѓусебни договори и за другите заинтересирани држави од регионот.







