Од доаѓањето на Леброн Џејмс во Лејкерси на 2 јули годинава, Кливленд загуби речиси една четвртина од телевизиските гледачи. Тоа е заклучок од анкетата на компанијата „Квалтрикс“, според која дури 23 отсто од луѓето кои ги гледале натпреварите на „Кавалирс“ тоа повеќе нема да го прават.
Во исто време, 33 отсто од испитаниците кои ги гледале дуелите на Кливленд во минатата сезона го оправдува заминувањето на „Кралот“, додека 14 проценти во тоа гледаат предавство.
Од моментот кога Џејмс објави дека од следната сезона ќе го носи дресот на Лејкерси, цените на влезниците за натпреварите на „езерџиите“ се двојно зголемени.







