Татко на четири деца, кој живее сам, со помош на новогодишни сијалички на ѕидот на својата куќа направил облик на машки полов орган, а покрај тоа како игра на зборови направил ѕвонче и во дополнение го напишал зборот „end“.
Кога ќе се спојат „bell“ (ѕвонче) и зборот „end“, се добива жаргонски израз за дел од половиот орган.
Два часа подоцна тој е приведен во полициска станица и казнет со 90 фунти поради реметење на јавниот ред и мир.
Стив Мек Гавли (43), после пуштањето од полицијасо помош на сијалички на куќата напишал „Жал ми е“ (I’m sorry), во знак на покајување.
„Само се шегував, постојат вистински криминалци таму некаде, а не јас, рекол Стив.
Полицијата, според пишувањето на „Мирор“, дошла околу полноќ во неговиот дом по пријава од други луѓе.
Откако одбил да ги извади сијаличките тврдејќи дека тие се во облик на обично ѕвонче и печурки, го одвеле во станица и морал да ја плати казната за реметење на јавниот ред и мир.
„Ми велите дека многумина имале примедби, но мене соседите ништо не ми споменаа. На крајот на краиштата, тоа е моја куќа и можам да напишам на неа што сакам. Ако не им се допаѓаше тоа што го напишав, можеа да ја свртат главата на другата страна и да ја одминат куќата“, им рекол Мек Гавли на полицајците.