Парламентот на Албанија го избра денес кандидатот на владеачката коалиција, Илир Мета, за претседател на државата откако власта се откажа од постигнување консензус со опозицијата која одбива дијалог.
За изборот на Мета , кој го кандидираше водечката Социјалистичка партија чиј претседател е премиерот Еди Рама, гласаа 87 пратеници, а против беа двајца.
Мета до сега беше претседател на парламентот кој има 140 места, а за избор му беше потребна поддршка од 71 пратеник.
Тој е избран во четвртиот круг на гласање, а во претходните три круга, одржани оваа и минатата недела, немаше предложени кандидати затоа што владеачката лева коалиција сакаше во власта да учествува и опозицискиот десен центар, како би се постигнал широк консензус во земјата.
Мета (48), кој беше единствен предложен кандидат, е водач на Социјалистичкото движење за интеграција, партија која е помал партнер во владеачката коалиција.
„Ќе дадам се од себе да ја оправдам довербата која ми ја укажавте, да им служам на сите граѓани на Албанија, на Уставот на Албанија, на најважните интереси за стабилност и безбедност на земјата и нејзината европска иднина“, изјави Мета после изборот за претседател.
Мета, кому на изборот прва му честита амбасадата на САД во Тирана, опфицијално ќе ја превземе функцијата од досегашниот претседател Бујар Нишани во јули.
Претседателската функција во Албанија е главно церемонијална, а претседателот може да биде избран најмногу два пати на по пет години.
Мета (48) од 2013 година беше претседател на парламентот, со 30 години стана најмладиот албански премиер во историјата, а ја обавуваше и функцијата министер за надворешни работи и економија на Албанија.