Полицијата на Косово соопшти дека привела 59 свои припадници, поради сомнение дека примиле поткуп.
Во Косовска Митровица се приведени 35 полицајци од албанска, 23 од српска и еден од босанска националност.
Косовската полиција на конференцијата за новинари наведе дека ќе бидат поднесени кривични пријави против 30 граѓани кои нуделе и давале поткуп.
Владата на Косово ја пофали оваа акција на полицијата, оценувајќи дека тоа е доказ за „безкомпромисна посветеност на косовските институции во борбата против организираниот криминал и корупција“.







